заблазни (св.)
Можеби јас сум еден од оние
кои сликаат според соништата
кои одбиваат да ловат, значи да убиваат
со полуотворената уста на стрелата
за да ја наполнат својата
и на своите жени
плодови саможитни што берат
и за нас се молат
да има улов повеќе одошто ни треба
(жените кои мислат поинаку
ги праќаат своите души
на срните да им бидат штитник
на стрелите урок)
за пречек ни принесуваат
богат огрев
богот на гревот ни го ложат пред спиење
за да заборавиме на писокот на жртвите
поостер од остриците во нив набиени
за да гинеме од ноќ во ноќ
непоштедени од грозата на лажната смрт
заблазувајќи им на оние кои писнале
еднаш засекогаш!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Деновиве добивме едно честно писмо од Белград во кое меѓу останатото пишува: „ Јас никогаш не можам да ѝ заблазнувам на личност која се зафатила да критикува луѓе кои не ги познава и од кои никогаш не барала извинување.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Таа на старост се мачи, ги израсна децата како арслани и еднаш во својот живот ќе прави радост и ќе ја прави сите да ја видат, некои да ѝ заблазат, други да ја оговараат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Ова, за наликувањето, не го реков со лоша намера туку бидејќи ти заблазнувам“, објасни како да се каеше Огнена и со насмевка на виновност побрза да си ја прибере раката од коленото на мајка ми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Потоа она нејзино наметливо заблазнување заради некои божем неспорни љубовни односи помеѓу мајка ми и Ѓурчин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И, лебами, тројцата ергени ќе можат една сестра да довардат? — додаде Доста Макрева, заблазнувајќи ѝ на Рожденката и ветувајќи ѝ дека и таа ќе ги прати нејзините три девојчиња кога ќе пораснат за на школа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Жими вера, јас чудам на чорбаџи Ристе и заблазнувам оти вака погодил живот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
СЛИКА: ДЕДО МУ АВРАМ Ковчесто лице со испакнати јаболкца, изразито четвртаста вилица, поврзана со горната со еластични мускули, чиниш како отпосле да е додадена, така што при џваќањето му се спушта подолу од вообичаено, но тоа не се забележува од густата брада; забите прошарани со по некој златен заб, како што ги топел прстените и ги преселувал на нив; со нив прегризува сѐ што ќе му притреба: нокт, конец, или да отреши јазол; кога луѓето ќе му заблазнеа на златниот блесок на забите, ќе им речеше: „Кога по смртта ништо не ќе остане од мене, по нив ќе ме препознаете...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
А бабата си грчи спокојно и невино, да ѝ заблазни човек.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)