забрише (св.)
Ме виде и почна да си ги забришува очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Потоа ќе влезеше дома и долго на балконот Го полеваше цвеќето, ги забришуваше неговите листенца И на крајот ќе седнеше да испие кафе со младата домаќинка.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Солзите си ги забришувам со работ од шамијата и куцам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го врати погледот врз футата пред себе како да ќе види нешто, си го лизна показалецот од десната рака, забриша некоја флека што ѝ се причини дека ја виде.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Си потпушта солзи и си ги забришува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги забришувам децата и пак молзам млеко.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Илона си го забришуваше телото со фротирката по последното туширање, додека Деница зеде јаготка од кошничката на масата, ја макна во купчето шеќер турен во порцеланска тацна и долго ја шмукаше гледајќи во темнината низ полуотворениот прозорец.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
- Забриши ги, - рече - и срчата се изгребала, та ни бришење помага, ни ништо.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ги собра парчињата, ги потокми на купчето кај другите, ја отпаша футата, ги забриша рацете од неа и ја фрли врз отпадоците.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Перса не се ни обидуваше да ги забришува своите солзи. Силно ја трогна страдањето на оваа жена.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Сите бацени места ги забришува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Потсетувањето на настанот ја наполни со болка и набрзина ја забриша Пела и ја стави да спие, а таа се врати во бањата и долго стоеше под тушот полевајќи се само со студена вода!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Забриши моме пенџере и тури сарма у тенџере скалите да ги пометеш џемперот да го доплетеш Чорапи немам два пара ќе одам сега на пазар кошула ми е скината забриши в куќи прашината Цел ден со другачки ломотиш сармата да не ја загориш и ништо ако не работиш назад кај татко ти ќе одиш
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Може никогаш суво место да не најдат, вели, и си ги забришува солзите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го забришува од лигите, од сукрвицата, од ирата моја, и: плук, плук, да не те урочам и да не те настинам, слушам како му вели на детето и го поплукува на обравчињата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Зигмунд го остави мајмунчето на масата, а од таму позеда фигурина на Божицата Мајка, и почна да ѝ го забришува голото тело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дојде од купатилото гола. Од задниот дел на косата и плешките, кои не успеала да ги забрише со крпата, ѝ се тркалаа капки вода кои продолжуваа надолу по телото во кривулести поточиња сѐ до задникот и бутовите каде се распрснуваа и, така разлеани, целосно ја препокриваа кожата која со влажниот слој добиваше проѕирна жолто-руменеста боја со необичен сјај.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Немој, Тимјане, не мешај се повеќе во политики, му вели мајка на татка и му го забришува лицето, му ја крева потта од очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога го дојаде јаболкото, внимателно го избриша ножето со два прста, го затвори, го прибра в џеб, ја забриша устата со рака и ги сотре дланките од панталоните.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Дискретно си забришуваше солза, спонтано стркалана низ образот - беа тоа солзи радосници, чувството на блискост со младата генерација...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)