зазелени (св.)
Ни стапот ќе зазелени ни таа ќе потрча.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Пупките расат и тревата зазелени. Се распеаја птиците.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Паметиш ли, му велам, како пролетта 48, кога зазелени тревата, кога набабреа пупките, како јадевме трева и собиравме пупки?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)