закован прид.
закове св.

закован (прид.)

Само павкаат ко да се заковани на небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Закатанчено и заковано во морски јазли јазлосано со појас на невиност опашано ниту да мрдне, ниту да писне.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Племето Сизифово заковано за припекот на ридот учи да слегува кон славејот на јазот кон ситото на полето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Може наместо да останам закована.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А Неда со закован поглед в кој омраза — молња се крие гледа во водачот бледа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Одамна заковани за планината, немоќни да слегуваат во долината, старите ја примија Мила како свое чедо.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Девојчето стоеше до праската, со очи заковани за врвот на највисокото гранче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сликата на закована домаќинка што ја имаше во ликот на својата мајка катаден ѝ беше пред очите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- И не доаѓам! – рече Николче и седна на место како закован и продолжи: - Ќе сум одел јас да му бацувам рака на едно јатаче.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Суви заковани штици. Немиот крик расте и се заканува да го минира однатре, да го разбие на атоми.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Промаршираа со оптегнати раце крај телата, со закован поглед во двајцата офицери на ДАГ.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По белите ѕидови немаше апостоли и ангели, туку со крфии заковани кадра на некои чичковци со строги погледи од зад големи окалки, а на местото од милата Богородица, една женичка во годините на мајка ѝ застаната на средината од ѕидот и со голема тетратка во рацете од каде ги вадеше имињата на децата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Стоеше таму како да беше закована на местото, неподвижна како некое дрско суштество.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А закована, ако мрдаш, повеќе боли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бидејќи тоа е од мене, мене така и ме погребаа, во закован сандак”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но - и покрај тоа - ние очиве ги држиме заковани за клупите. Барем јас и Васе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога ненадејно се појави на вратата од нашата спална, ние сите, од ред останавме како заковани на своите места.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)