закуп (м.)
„Закупот ти истече вчера; имам човек во земјишниот оддел што ќе го преземе за минута.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
За обезбедување на парично побарување може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување, а особено: (а) забрана на должникот да располага со подвижни предмети, како и чување на тие предмети; (б) забрана на должникот да ги отуѓи или оптовари своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во негова корист, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп; (в) забрана на должникот да продава хартии од вредност и удели; (г) забрана на должниковиот должник да му исплати на должникот побарување или да му предаде предмети, како и забрана на должникот да прими предмети, да наплати побарување и да располага со нив и (д) налог на носителот на платен промет на должникот или на трето лице, по налог на должникот, да не дозволи од должниковите сметки исплата на паричниот износ за кој е дозволена привремена мерка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Питите ѝ одеа малку потешко. Ама со годините и времето научи да го стегне кр’нгот и в раце да го заигра сукалото под кое добро измесеното тесто се сучеа кори за пита со пресул, со праз, со кастици, со кромид и свинско пржено, пита со тиква, со урда и праз, со коприви, со корки мешани со урда и јајца... сучеше и кори за бурек плескан со по четири или пет кори со урда, сирење, бурек виткан окол-закул со сирење и кори за бурек - плетениот...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од ергелето од двесте и педесет коњи, еден дел патуваа како мои карвани по Румелија и до Цариград, а друг број ги давав под закуп.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Доколку не е договорено поинаку, закупецот може закупениот предмет да му го даде во закуп на друг [подзакуп] или според некој друг основ да му го предаде на употреба, но само ако со тоа не му се нанесува штета на закуподавецот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Бидејќи во договорот за закуп не е предвидено извршување на угостителски активности во просторот каде што се наоѓаше Клуб- кафеаната, Митревски и уште деветмина работници кои работеа во таа кафеана, во мај 2006, по наредба на новиот работодавач се префрлени на извршување на работни задачи во битолскиот хотел „Епинал“, и тоа не како угостителски работници, туку како културни работници (работна позиција според новите договори за работа).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако поинаку не е договорено или во местото на предавањето на предметот вообичаено, закупнината се плаќа полугодишно кога предметот е даден под закуп за една или повеќе години, а ако е даден за покусо време, тогаш по истекот на тоа време (чл. 586, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, тој не смее да ја изнајмува, дава под закуп или отуѓува опремата што ја купил со средствата од Фондот, во рок од три години од денот на добивање на опремата (чл. 15, ЗИДЗВИЛ/04).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Занаетот што го наследи Марко им носеше доста корист како на градските турски првенци, така и нему, на комесарот, кому градот, иако беше под скопскиот санџак, му беше даден на управување со уште двеста негови луѓе, ама и под закуп за 70 товари аспри.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
4. Со договорот за закуп [locatio conductio rei] се обврзува закуподавецот да му предаде определен предмет на закупецот на употреба, а овој се обврзува за тоа да му плаќа определена закупнина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Закупецот му гарантира на закуподавецот дека подзакупецот ќе го употребува предметот според договорот за закуп (чл. 589, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако работодавачот времено ја пренесе врз основа на правна зделка [закуп, наем] целосната или дел од дејноста на друг работодавач, преминуваат работниците по престанувањето на важноста на правната зделка назад кон првиот работодавач или кон новиот работодавач – преземач на дејноста (чл. 68, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)