замука (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Толе проведувајќи го времето постојано во природата меѓу животните и птиците, им го знаеше нивниот немушт говор и ги имитираше: кога ќе зарикаше како магаре, сите магариња што ќе го чуеа во селото рикаа; кога ќе замукаше, како крава, сите крави мукаа; кога ќе залаеше како куче, се одѕвиваа кучињата; кога ќе замјаукаше, се одѕвиваа мачките; кога ќе закукаше, му се јавуваше кукавица.
        
      
    
    
    
      „Животраг“
         од Јован  Стрезовски 
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Дури и кравата, како да се исплаши од нешто, ги наведна роговите и замука подмолно како земјотрес.    – Ако некој ми вети нешто, тогаш мора да го исполни тоа ветување.
        
      
    
    
    
      „Црни овци“
         од Катица Ќулавкова 
        (2012)