здроби св.

здроби (св.)

„Кога ќе стркалаш карпа од ридот зар можеш да знаеш кого сѐ ќе повреди, во што сѐ ќе удри и каде најпосле ќе се распарчи и ќе се здроби!“, ми вели тој а со очите како и вистински да ја гледа таа огромна грамада што се валка од ридот и оди право кон него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Велат се спрема уште една војна но светот воопшто и не видел мир душата на луѓето пак е неспокојна садистички здробена, заробена в немир
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Не сум знаела дека толку ми е здробена ногата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едо е преплашен не толку дека со паѓањето диференцијалот ќе се оштети туку дека ќе падне на стапалата од нозете, ќе му ги здроби.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но набргу ете ти несреќа: ненадејно се сруши еден ѕид од куќата и го потфати Ѓеро; го извлековме здробен од камењата: го исплакавме и побаравме оштета од фирмата; фирмата не сакаше да чуе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Беа... и уште до пред некое време, пред да се дотркала пак в град, распорените стебла во една шума, густа и со густа смола, до оној ден кога матното невнимание му ги здроби зглобовите на прстите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се вртиме околу него и гледаме: едното крило е здробено и расфрлено наоколу: опашот е преполовен и искривен како рог; предницата личи на железно буре без капак и изрешетено како решето; од внатрешната страна, над седиштето, кое сѐ уште мирисаше на запалени кожи и гума, светкаа неколку искршени тркалца од стакло и се гледаа стрелки на некакви часовници ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Некој со топук се обидел да го здроби недоречениот стих на Мевлана. Попусто до проклетство. Забите уште повеќе се разголеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека чекаше тие малку да се оладат, здроби едно јаболко и го стави пред Кротка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој не можеше да му избега на неговото ловечко око, тој го виде сосема добро како тоа му го здроби телото на овој близок заскокан ѕвер.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислев дека мојот голем камион ќе го здроби неговиот штафелај.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Одекна уште еден тресок. Некој го зел стаклениот тег за хартија од масата и сега го здроби на парчиња од каменото подножје на каминот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По цели денови Филозофот минуваше качен на карпата, на папокот на светот, препишувајќи го чудното сочинение на книга, со калем; неколкупати сонцето го удираше во главата и тој се занишуваше, и сите мислевме дека ќе падне и ќе се здроби.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Трска, со тие негови долги нозе, за миг се најде крај Окомен и, како да гасне догорче од цигара, со петицата му ги здроби очилата поднати недалеку од него.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
— Да има сега една ракија, вели Цветан, и една здробена марула со варено јајце и сушени маслинки...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Претседателот пукаше. Пукаше тој од својата автоматска пушка, со чија што цевка пред малку беше го здробил стаклото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Фати сѐ надолу, како тркалото, што најпосле, се откачи од колот на оградата и се стркала надолу по брегот здробувајќи се во парчиња. ...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сето време со него надолу се тркалаа многу огромни карпи, што ги џиткаше по удолницата онаа разјарена ѕверка, а камчиштата се заиверуваа во стеблата и просвируваа здробени околу него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уф, бегај ми од пред очи ти, кукумјавко, зашто ќе те здробам како сува пиперка!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Мускулите, со кои немаше што да работи, престануваат да му просребруваат, во нив гаснеше онаа маѓија на потребата од напнување, додека стоеше таков, со ноктите вкопани во дланките, со дланките прежилени од своите сопствени нокти и едвај здржувајќи се да не тресне нешто со тупаниците така, за да го здроби со еден замав, едвај задржувајќи се себеси да не истрча низ вратата и да земе да го гази оној снег, да го пробива тој изнаврнат снег, да го изоди сиот сѐ додека здивот не земе да му бие во него како тапан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе