империјализам (м.)
Југославија, службено, е сѐ уште слуга на империјализмот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
ИСТОРИСКОТО МЕСТО НА ИМПЕРИЈАЛИЗМОТ
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
КРИТИКА НА ИМПЕРИЈАЛИЗМОТ
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Не треба да се чудиме на таквата наивност кај буржоаските економисти; ним тоа им е корисно да изгледаат толку наивни и „сериозно“ да зборуваат за мир при империјализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Мислиме на паразитизмот својствен за империјализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Борбата на светските империјализми се заострува.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Ние, како што знаете се боревме за демократија и мир во земјата, а најмногу против англо-американскиот империјализам.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тој јавно велеше: - И кај нас, како и на меѓународен план се спротивставени и судрени две сили: империјализмот и монархофашизмот од едната страна и народната демократија и националната независност, од друга.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На нивно место нѐ сместија нас, борците против англо-американскиот империјализам, борците за слобода и демократија сместени во бараки за јапонските заробеници.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Само слушаш борба, партија, водач, империјализам, монархо-фашизам, капиталисти, револуција, агенти народни непријатели...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
ИМПЕРИЈАЛИЗМОТ КАКО ПОСЕБЕН СТАДИУМ НА КАПИТАЛИЗМОТ
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Капитализмот се претвори во империјализам.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Меѓутоа, оваа револуција се случи мошне доцна, зашто западните империјализми веќе започнаа да ја распарчуваат Отоманската империја, како и вирулентниот грчки, српски и бугарски национализам кои ја предизвикаа Балканската војна, во 1912 година.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Видовме дека по својата економска суштина империјализмот е монополистички капитализам.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Некако, како од длабина, се слушаа извици на демонстранти кои бараа да се прекине војната во Виетнам, извикуваа против амерканскиот империјализам, против Никсон кого го споредуваа со Хитлера и го наречуваа убиец на светот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Армијата е нација во нацијата: таа е порок на нашето време !, запрев на една мисла на Вињи, кога високиот офицер со босанско, муслиманско презиме на иќ задоволно го завршуваше предавањето, покажувајќи ја моќта на нашата одбранбена стратегија и немоќта на западниот империјализам да нѐ загрози преку Јадранското Море!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со еден збор ќе одморам во потта и крвта што ги пролеав во борбата против англоамериканскиот империјализам и домашните предавници, во борбата, велам, за народната слобода и светската пролетерска револуција. Токму како што рече другарот Захаријадис.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сега треба да се обидеме да извлечеме извесни заклучоци, да го резимираме реченото погоре за империјализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Империјализмот е капитализам во оној стадиум на развитокот кога се создава господство на монополите и финансискиот капитал, истакнато значење доби извозот на капитал, почна поделбата на светот од страна на меѓународните трустови и се заврши поделбата на целата територија на земјата од страна на најкрупните капиталистички земји.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Но таквите укажувања се претвораат во апологетика на империјализмот, во негово разубавување, зашто тие се засноваат врз заборавање на главната особеност на најновиот капитализам: монополите.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)