империјалистички прид.

империјалистички (прид.)

Притоа тој посебно се осврнал на опасноста која им се заканувала на народите на Југославија олицетворена во „шовинистичко- сепаратистичките тенденции што се покажувале во разните делови на нашата земја“, а со една единствена цел да се ослаби „една моќна, една голема Југославија која била важен фактор на Балканот, во Средна Европа, која би била заштитник на славјанството на Балканот која би била моќна пречка на секој империјалистички чекор на Балканот“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Доказите дека ова уверување е одраз единствено на империјалистичкото владеење на Западот можат добро да се видат во фактот што, после 1925, актот на примена на означувач беше развиен и следен најмногу во пет западни земји.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Солидна основа за империјалистичкото угнетување и експлоатирање на мнозинството нации и земји во светот, за капиталистичкиот паразитизам на грст најбогати држави!
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
(...) Под закрилата на филозофијата на деколонизацијата, поимот на културата кој беше заштитен знак на империјалистичкиот Запад се сврте против самиот Запад и јасно ги именува општествата на кои овој им го наметнуваше своето старателство.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нејасното мислење за слободата, според него, добило конкретизирање со тоа што балканските нации „сакаат да ги тргнат народите и земјите на Балканот од дофатот и меѓусебното дејствување на империјалистичките сили, независно дали се од Оската или не“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Затоа крупната индустрија со неопределени чувства гледа на поголемото трустизирање (обединување или претворање во трустови) на банките; навистина, не еднаш веќе имавме можност да забележиме никулци на извесни спогодби помеѓу одделни концерни на големите банки, спогодби што се сведуваат на ограничување на конкуренцијата“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
А премудриот Кауцки, за да ги успокои работниците и да ги помири со социјал-шовинистите, кои преминаа на страната на буржоазија, откинува една алка од единствениот синџир на друга, го откинува денешниот мирен (и ултраимперијалистички – дури ултра-ултраимперијалистички) сојуз на сите држави заради „смирување“ на Кина (потсетете се на задушувањето на боксерското востание (25)) од утрешниот немирен конфликт, кој го подготвува задутре пак „мирниот“ општ сојуз за поделба, да речеме, на Турција итн. итн.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
ПАРАЗИТИЗМОТ И ГНИЕЊЕТО НА КАПИТАЛИЗМОТ Сега ќе се задржиме на уште една мошне важна страна на империјализмот, којашто во поголем дел недоволно се оценува во повеќето резонирања на оваа тема.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Затоа „интеримперијалистичките“ или „ултраимперијалистичките“ сојузи во капиталистичката стварност, а не во баналната малограѓанска фантазија на англиските попови или германскиот „марксист“ Кауцки – макар во каква форма тие сојузи да се склучуваат: било во форма од една империјалистичка коалиција против друга империјалистичка коалиција, било во форма на општ сојуз на сите империјалистички држави – неизбежно се само „предишки“ меѓу војните.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
“ Не треба да се чудиме на таквата наивност кај буржоаските економисти; ним тоа им е корисно да изгледаат толку наивни и „сериозно“ да зборуваат за мир при империјализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Тие се сите во дослух со империјалистичките газди...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ние кренавме наш Кинески ѕид на Балканот, со кој ќе се гордеат идните генерации, спасе­ни од империјалистичките апетити на нашите непријатели.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој ја зафаќа само најупадливата црта на процесот кој се врши пред наши очи.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)