индустријалец м.

индустријалец (м.)

„Сојузите на индустријалците се обидуваат да создадат рамнотежа помеѓу селското стопанство и индустријата во границите на целокупното светско стопанство; како пример можеме да го споменеме меѓународниот сојуз на здруженијата на сопствениците на предилници за памук, кој постои од 1904 година во неколку најважни и индустриски држави; потоа по неговиот пример во 1910 година основаниот сојуз на европските здруженија на сопствениците на предилниците за лен“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Недоброј од сиромашни занаетчии, наемни работници, ситни трговци, иако мноштвото го надвисуваше елита од духовници, интелектуалци, индустријалци, лекари, голем број школувани луѓе со силен јудејски идентитет, но и со искуства и погледи што силовито го внесуваа францускиот запад и неговиот дел од европските вредности.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потекнува од семејство на богати индустријалци, кои по потекло биле Евреи, но кои преминале во католици.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Финансиски капитал: капиталот со кој располагаат банките, а го користат индустријалците“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Таа дефиниција би го содржела она најглавното, зашто, од една страна, финансискиот капитал е банковен капитал на монополистички мал број крупни банки којшто се слеал со капиталот на монополистичките сојузи на индустријалците; а од друга страна, поделбата на светот е премин од колонијалната политика која непречено се шири на областите што не се запоседнати од ниедна капиталистичка држава кон колонијална политика на монополно владеење на територијата на земјата што е докрај поделена.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Тој систем на банките се дополнува со настојувањето во сопствените надзорни одбори да се избираат луѓе што ја познаваат добро индустријата: индустријалци, бивши чиновници, особено оние што служеле во железниците, во рударството“ итн.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Систематски се развива извесна поделба на трудот помеѓу неколку стотици финансиски кралеви на современото капиталистичко општество: „Во чекор со тоа проширување на полето на дејноста на одделни крупни индустријалци“, (кои влегуваат во управните одбори на банките итн.), „и со ограничувањето на провинциските директори на банките на еден определен индустриски округ оди извесен пораст на специјализацијата на раководителите на крупните банки.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
„Сѐ поголем и поголем дел од индустрискиот капитал – пишува Хилфердинг – „не им припаѓа на оние индустријалци што го употребуваат.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Воодушевениот поклоник на германскиот империјализам Шулце-Геверниц извикува: „Ако во крајна линија германските банки ги раководи дузина луѓе, нивната дејност веќе сега е поважна за доброто на народот одошто дејноста на повеќето државни министри“ (за „преплетувањето“ на банкарите, министрите, индустријалците, рентиерите овде е позгодно да се заборави…)…
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)