инкарнација (ж.)
Така филмската уметничка пракса се претвара во религиозна соборност а филмското уметничко дело произведено во таа соборност - игра, инкарнација на чиста платонска љубов помеѓу протагонистите.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
И после животната далга потребна е инкарнација на душата, евокација и ескалација на спомените од детството, необична синхронизација и еквалибриум на вкусовите и возбудливите задоволства насекојдневието, валоризација на фасцинантното патување низ животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тогаш групата беше во својата последна инкарнација.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Можеби тоа беше утеха која го редуцираше целиот свет, го сведе на една точка; можеби тоа беше психолошки механизам со кој мојата машка повредена суета се бранеше од реалноста; но можеби таа опсесија беше, и тоа сега првпат отворено ќе го кажам – остаток од некој мој претходен живот, од некоја моја претходна инкарнација.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Познато беше тоа уште од времето на нацизмот; фолклорот во тој случај се претвори во политички обред на фетишизација на тестисите на Големиот Предок, чија една можна инкарнација станува Големиот Диктатор; мислам дека и немаше да ме разбере, оти Луција не беше интелектуално неограничена, иако беше многу работлива и чувствителна.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Како територијална инкарнација на внатре/надвор, границите го означуваат просторот до кој се протега политичката заедница.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Барај и пребарувај ги своите интимни банки на генетска меморија, Стариот завет на твоите ДНК-РНК, вклучувајќи ги, ако сакаш минатите инкарнации, Јунговските архетипови и застрашувачките пре-инкарнации на која било иднина што можеш да ја замислиш.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
“Идејата е дека кога ќе умрете, или заради која било причина сте бестелесни, имате своја основна душа, која е вашиот индивидуален идентитет, вашата искра на животот, но таа во себе ги содржи ставовите, или цртите на личност, што се пројавуваат во нејзините различни инкарнации.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Освен, ако тоа не е некое пресоздавање, инкарнација во која никогаш не ќе дознам ни што сум бил ни од каде сум дошол.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Боже!“ извика Летка во слушалката. „Колку ли инкарнации си имал ти!“, рече.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)