инкорпорира (св. и несв.)
Романот е обликуван во посмодерен код како приреден ракопис во чие ткиво се инкорпорирани уште неколку текстови кои го поткопуваат главниот текст.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Симболиката на Гринавеј исто така можеме да ја сметаме за развиена, не затоа што априори е „уметничка“ или затоа што „уживањето“ во неа следува по разрешувањето на нејзините загатки и алузии, туку затоа што произлегува од една постоечка културна традиција којашто авторот добро ја познава и затоа што органски е инкорпорирана во самата структура на неговите филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Онаа што сакам да го сугерирам е: за смислено да интерпретираме дадена ситуација ние повикуваме стотици шеми од нашето „множество на шеми” и дека искуството собрано преку целиот наш живот, вештините и општото знаење, нашите сеќавања за различни случки, може да е кодирано во таква лична „енциклопедија” од илјадници шеми, збогатена и од вербалниот домен за да инкорпорира и репрезантации на акции и перцепции, мотиви и емоции, лични и социјални интеракции и на крај, на јас-ството.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
И сѐ најнапред треба да се свари во ретортите на сопственото мислење, во форма што на овој степен од развојот нашето јавно мнение сѐ уште не може ја инкорпорира во градбата на својот цивилизациски модел; но кога работата ќе зоврие во вас, таа веќе е тука.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Мислам дека моќта на телото не е толку во неговото смислено делување - тука лесно можеме да го сфатиме како орудие на духот приклонето кон волјата - колку во неговиот еротски живот, во трпењето, т.е. во неговата способност да перципира, реципира, да им се прилагодува и да инкорпорира други тела.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тајното средиште кое на прв поглед сѐ објаснува се извива во набор на делото, инкорпорирајќи ја целата надворешна позиција за од неа да може да ја расветли целината во која исто така има своја улога. (Дерида)
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)