интернација (ж.)
Беше време кога во градот крај реката идеа абери од родниот град крај езерото за интернација на блиски, за затворање на овој или оној од семејството без никаква вина.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога се моли во ќелијата, се моли да престане и проклетството на оваа негова интернација, но и тој грозен сон.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но тие не го заборавија кога нему му беше мачно во животот, при неизвесната семејна судбина Кога мораше да го докажува својот сложен идентитет во повоените упростени времиња на црно-белиот режим кој почиваше врз брзи норми на поделба на пријатели и непријатели, на брзи и немотивирани интернации и ликвидации, тој најдобри сојузници имаше во книгите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Утрото го кажав сонот, а вечерта ме уапсија и ме осудија по норма: 25 години концентрационен логор со принудна физичка работа, 5 години интернација и 5 години одземање на граѓанските права...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Па во еврејските домови во Скопје со денови се шепоти за интернација; дека еден од овие денови ќе ги соберат и ќе ги однесат на принудна работа во странство.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не мирејќи се со фашизмот во малото гратче крај Езерото, уверен дека тој нема да му донесе среќна ниту на семејството, ниту на својот народ, на човештвото, соочен со принудна интернација во италијански логор со семејството доколку не му се покори, тој решава една ноќ со семејната гемија со семејството да мине границата Татко имал време колку да се види со мајка си, помладиот брат, сестрите.
„Граница“
од Луан Старова
Овој го
избегна одговорот на прашањето како го пуштиле од интернација, а самиот го праша директно Пискулиева:
- Што мислиш ти да правиш, мислиш ли уште да квачиш овде кукавички јајца?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кон логор, интернација во Италија. Порта Романо.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Што му направија за сите девет месеци интернација...? И види: Застанат пред огледалото, Макс Мертен го вади коскеното чешле од внатрешниот џеб на сивиот ленен костум и сака строго да ја зачешла својата мазна фризура, кога забележува дека нема лице.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Навистина, зошто Ве испратија во интернација?” - запраша искрено заинтересиран Беренц.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Гита Коец едновремено го жалеше (жив ли е? каде ли е? како му е?) и го прекоруваше својот маж и во лепливите летни, и во прозрачните есенски, и во овие пусти зимски солунски мугри што се редеа во нејзините бдеења додека ја исчекуваше завршницата со неговата интернација. Ќе го види ли повторно?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)