казино (ср.)
Пример за висока доблест додека не влезеше во казино, коцкарница.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во државата функционираа само приватни јавни куќи, казина, кладилници, кафичи и барови.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Очајот го натерал да отиде во казино и да ги спрашти парите со кои требаше да се поткрепиме додека да ја земам првата плата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Обидете се да им објасните што е тоа казино или „Ермитаж“* со цигански хорови, или московските пивници, каде што се испива море од пиво и каде со хармоника, се пее песната за разбојникот Кудејара: ...
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Единствено заедничко место каде можеа да се сретнат и едните и другите беа кладилниците и казината на Партизановска, што ги имаше на секој чекор.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- Ах, тој рулет, тоа казино, и мене во младоста ме упропасти... - издивна Татули.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)