калфа (м.)
Калфите ги отвораа ќепенците на дуќаните. Овде-онде се слушаше нивното тропање.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Пред него стоеше еден студент, со калфинска престилка и раце со кал, а како да стоеше некогашен затвореник со количка претоварена за слабечките мускули.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А таму, на ан кај Стомнаровци, откако ги отспретнаа колите и откако ги врзаа коњите во пондилата, во меаната на штрек чекаа да дојде Аџи Пано, стрико Максимов: по него, за да го извика, Максим го испрати калфата Стомнарски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Првин млад калфа, потоа главен калфа, но до следниот панаѓур и ти ќе бидеш чорбаџија, а штом знаеш книга, ќе гледам да те направат и писар-граматик во нашиот еснаф, папуџискиот. Никој ништо не ќе ти може, зету“.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Најмногу има арапски зборови кои означуваат разни звања, професии и титули, како на пример: валија, везир, кадија, кајмакам, калфа, муфтиш, султан и други, или термини во врска со војската и воената опрема како: анџар, арач, аскер, забит, низам, талим или пак во врска со исламот: алах, аџија, вакаф, ездан, еџел, имам, еџел, ислам, куран, курбан, минаре, муфтија, муезин, оџа, рамазан, теќе, тулбе, џамија, џемаат шеријат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)