кандидира (св. и несв.)
Служел војска, се кандидирал за гувернер во Калифорнија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Законодавецот се обидел да ја санкционира и одмаздољубивоста на помоќниот in concreto, пропишувајќи дека поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може, на посреден или непосреден начин, да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, посебно со намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на напредување или стручно усовршување – т.н. деградација и/ли стагнација (чл. 2, ЗИДЗРО/септ.09); 23 в) во оваа група на антидискриминаторски одредби спаѓаат и оние кои се поврзани со кандидирањето и селекцијата за одредено работно место.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Гери Глен, кој порано работел за една антисиндикална организација, Комитетот на Ајдахо за слобода во работењето, како и за Сточарското здружение на Ајдахо, и кој еднаш неуспешно се кандидирал за место во Конгресот на САД откако беше републикански комесар во Бојс, во 1998 година се преселил во Мичиген за да лобира за даночно кредитирање на школарината за избрани универзитети, кое потоа гласачите не го изгласаа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој формира партии на животни, се кандидира за претседател, неговите дејства влегуваат во руво на предизборна агитација.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)