капацитет м.

капацитет (м.)

Близнаци или тројки може да зачне жена која има капацитет да ги носи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во иднина значително ќе се намалат отпадните води, зашто се планира концентрирање на нови производни капацитети покрај големите реки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
149 Сепак, за уставната тужба да не остане само декларативна заложба, уште пред таа да се воведе ќе мора да се извршат одредени промени пред сѐ во внатрешно-организациониот начин на функционирање на Уставниот суд, односно зголемување на ресурсите и капацитетите поради зголемената активност која неминовно ќе настане, па затоа можеби од аспект на ефикасноста во заштитата на правата и слободите на граѓаните би било подобро сегашниот состав на Судот, во иднина, да биде проширен.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Таму се вели дека на предлог на потпретседателот Борко Угрин, владата носи одлука, двете министерства, за земјоделство и за градежништво, да го преземат изведувањето на веќе исцртаниот проект за изградба на акумулација Долнец со капацитет од 220.000.000 кубици вода.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Стрес тест, тест за алергии, тест за рефлекси, текст за капацитет на белите дробови (дував во жолти балони сѐ додека не пукнаа, потоа во една машина со големина на Хамондовите оргули), рендген, броење на спермата, и густо отчукан прашалник на дваесет и четири страници со поглавја за анализа на соништа, генеалогија, логика и заклучување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со умствениот, физичкиот и емоционалниот капацитет обидувајте се да набљудувате, но не пасивно, бидете активни учесници во секој момент од животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Токму ова му се случи на Јаневски. Имено, тој работеше во новото претпријатие извесно време – до октомври 1994, но, од ден на ден сѐ повеќе и повеќе, лукративните капацитети на фирмата опаѓаа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Капацитетот ќе може да издржи до 600 литри вода во секунда, значи планирано е перспективно и со зголемување на градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Компјутерските модели на когницијата не прават претпоставки за интелектуалните капацитети на силициумот (или јаглеродот).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
За Камилски, којшто имаше намален капацитет на консумација по операцијата на стомакот по ослободувањето од Голи Оток, ова беше голем предизвик, но не сакаше да биде под нивото на настанот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Длабоко во ноќта секретарот и градоначалникот со своите задолжени помошници дојдоа на плоштадот да им ја објават на Чанга и на другите козари одлуката за привременото сместување на луѓето и на козите во расположивите станбени капацитети во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Прво, требаше да се исфрлат непотребните предмети, па потребните да се подредат по некоја логика: според нивната намена и намената и капацитетот на просториите и мебелот и, по можност, според барањата на естетиката, иако таа е веќе во голема мера задоволена ако е задоволен предходниот критериум, оти убавото во домот го прави пред сѐ чувството дека е по човечка мера.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се врати Андре Декостер во Париз, презадоволен од високиот прием, никогаш не бил примен од претседател на република, макар што во педесетина земји ја пренесувал козјата технологија, но остануваше резервиран од капацитетот на надлежните и потенцијалните козоодгледувачи да ја разберат модерната технологија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сите тие прашања стануваат ирелевантни кога резултатот ќе ги одрази своите енергетски капацитети на сцената.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во времето кога 988 (поради капацитетот на централата) беше невозможно да се добие, само тој ги памтеше бројките на девојките.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Информацијата многу полесно ќе може да се сместува во електронска меморија која што има поголем сместувачки капацитет од церебралната меморија.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој ќе потсети на огромниот капацитет на рускиот јазик, во којшто ќе се претопат странските зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Капацитетот и можностите на жените се неспоредливо поголеми одошто на мажите и тоа е она што мажите ги прави понетолерантни во однос на жените одошто се жените во однос на мажите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во една пригода, Франсоа Делатр, дојден во Амбасадата на Рерублика Македонија, во доверлива искреност, неочекувано ме запраша: Дали Македонија има франкофонски капацитет и искрена намера да стапи во Меѓународната организација на франкофонијата?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со примитивна планинарска опрема, недостиг на сместувачки капацитет, ама секогаш и секаде прифатени со симпатии и поддршка од месното население - патот го изодевме, ама потоа времето покажа дека нашиот труд не продолжи.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Повеќе