каприц (м.)

Сега членовите од Тројниот сојуз имаат одделни спогодби по меѓународните прашања, работат заедно по нив и ги парализираат сите каприци на малите држави, кои со тие каприци сакаат да ја изменат политичката рамнотежа во нивна полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ливадата на ова сосем голо теме од моето присуство облик ќе си земе достатен за сите чудесни каприци што висат со набој на две овчји цицки во оваа прва архетипска штама прецизно се слушам како блеам сама се одбивам и пуштам во чисто звучни пруги моето ткиво да пропадне во флуид ливадата ин виво бесконечно ја рудам ме нема, ме нема не знам како пеам и зошто се трудам Знам, моја силуета но друга овца шета со оваа шепа.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Кога се пробиваш низ шума од каприци и пакости, кога те дебне дива и груба похота!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Скржавото пролетно сонце уште не го распеало софиското зеленило, уште дрвјата не личат на мајски, цветовите пупат, преплашени од налудничавите априлски каприци на времето, цветните алеи по булеварите и парковите сега почнуваат да се шаренеат...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но од тие каприци не него, а нас Македонците ќе нѐ боли главата, како што и нѐ боли веќе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бидејќи најсериозно мислев, а и сега мислам дека таа недоречена симпатија, или занес, дури и за самата Рајна и не беше ништо друго туку еден од нејзините безбројни каприци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ти си само минувач по небесниот друм обожувач и служител на каприцот на правта (Бидејќи и правта некогаш била човек).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Отсекогаш мислев оти не смее да се растура туѓата среќа на таков начин. Подобро речено, од каприц!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Непристоен каприц на порочната желба која и не е свесна дека на овој начин го потврдува своето постоење но и својата слабост“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Црвена сум. Од толку удари. Од толку понизни клекнувања пред тебе. Од сите твои каприци.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
По каприц на историјата, овој период на политички пад, го придружува културен живот: поенергичен и попродуктивен, отколку во кој било друг период.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Јана и незините каприци! Откако ја запозна мајка ѝ налудничавата вдовица со глас на девојче, му беше јасно дека се работи за генетска откаченост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Меѓутоа, Хундертвасер „Fensterrecht“ не го предложува како свој уметнички каприц, туку со тоа начело мисли многу сериозно - целта на неговата акционистичка архитектура е секој, кој ќе осети потреба нешто да промени, не само во внатрешноста на својот стан, туку и врз фасадата од куќата во која живее, за на тој начин да го пласира својот идентитет и надвор од просторот на живеење, тоа може непречено да го направи, и тоа само до онаа точка до која допира неговата рака.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се разбира дека во случајов не станува збор за обичен женски каприц!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Карактерот на механизмот на часовникот, сам по себе го оддалечува фактот на изборот, проткајувајќи го со неутралност, но, во сраснувањето- судирот постои уште една компонента која го спречува секој структурен каприц и ја гарантира диференцијацијата, спецификацијата на редимејд-от, а тоа е индиферентноста. Се работи за авто-селекција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Состојбата на зависност што е карактеристична за пред- ојдиповската констелација, во која задоволувањето на потребите зависи од „каприците на Другиот“ се репродуцира, во сразмерите на субјектот, до социо-симболистичниот Друг, што натаму се пројавува во облик на Другите-за нас-закон, Другите во она, што можеме да го наречеме „добродушен деспотизам“: „Нарцизмот е психолошки израз на таа зависност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој игнорантски однос и каприци- озноста на раководните кадри го предизвика нејзиниот оправдан гнев и беше главниот мотив таа да размислува за поднесување тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Животи уништени заради туѓ џеб и каприц.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Никогаш не ѝ го простив тој нејзин каприц да се покажува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А можеби и помислил дека е во прашање некој мој каприц или попатна слабост па ми пријде за да ме теши.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе