кикоти несв.

кикоти (несв.)

Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Нејзиното придушено кикотење штуро одекнува и се губи над глувата згорнина од морето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Синиот пајак со златна глава безгласно се кикотеше под мојата кошула.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Девојчињата се погледнаа и двете калливи со ќофтињата во раце. Почнаа да се кикотат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Затоа сега злобно се кикотат роеви чавки и затоа кога ќе се смири, високо над градот ќе запискаат жерави.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Залижав со јазикот во вдлабнатината меѓу двете гради, но во мигот кога сакав да се придвижам нагоре, до вратот кој благо беше извиен над мене, Ема ја крена главата и, кикотејќи се, повторно ми ја наполни устата со брадавицата на десната цицка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема се тргна од мене и почна да се смее со слаткост во кикотењето што се упатува на дете кое не знае да ја игра играта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се врволкам јас околу неа како петел, а таа се кикоти и ме предизвикува да ѝ давам комплименти.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така правевме неколкупати, од младешки бес (ја исмејувавме сиромаштијата!), а луѓето зјапаа во нас; еднаш зјапаа и некои девојчиња и се кикотеа, и јас се сеќавам дека поради штосот со чевлите тие се забавуваа цела ноќ со нас, а ние ги потрошивме и последните пари; решивме да ги одведеме во кино, но таму не нѐ пуштија со по еден чевел; Земанек се расправаше, и потем ги продадовме картите и отидовме во кафеана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги прекрстил рацете на градите и се смее, се кикоти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога се вратил, се покрил преку глава, мавтал под јорганот со нозете и се кикотел.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Што ти е смешно, ми вели и се кикоти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Григор се кикоти и го собира челото ко зелник. Пак ги покажува пожолтените заби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не можете да престанете да се кикотите, стомакот ви трепери од возбуденост и целите сте во исчекување.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се кикотеа држејќи се за стомаци, а дедо Ангеле, како ништо да не било, се сврте кон комитите: - Како сте, што правите? – ги поздрави тој нив сосем сериозно и како што личи на луѓе и пријатели.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Девојките собрани во некоја од авлиите тие песни ги слушаа со тага, вдишуваа од вечерниот мирис на ѓуловите по бавчите, се кикотеа запирајќи го везењето и се дошепнуваа за момчињата врз кои крадешкум им паднало окото или од чијшто поглед им затреперило срцето тој ден; или пак седеа замислени, зашто најголем број од љубовите на Јалија и на Дорќол4 завршуваа неостварени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не се смеев јас. Сенката (гревот) се кикотеше. Слушај, ноќе носам на својот колан нож со седефена дршка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тие се кикотеа, колку од зборовниот каламбур толку и од скокотот по половината, меѓу стегачот на градникот и ластикот на гаќичките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И тамам јас да влезам во таа просторија кога гледам дека тие веќе влегле, зеле што зеле и сега божем потплашени од мене бегаат, се кикотат затоа што ме оставаат со чувството ниту дека знам дали нешто зеле ниту пак што зеле а по сѐ судејќи дрпнале нешто.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Пред легнување се кикотеа и говореа за жени. Лежеше крај нив и молкум го слушаше нивното шепотење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе