кинотека (ж.)
Животни стории за судбините на луѓето, моите поблиски и подалечни роднини од кои речиси никого не познавав, но и на некои други личности од романот на минатото, архивирано и сега поттикнато од сликите и оживеано како во некоја чудесна кинотека на животот, со ликовите што, ете, влегле во малата семејна вечност на нашиот фотографски албум. Сега, кога и самиот завлегувам во средното доба, фотографиите ги сакам и на еден друг начин.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И така Уцена стана прв англиски и прв Хичкоков звучен филм. - Во кинотеките постојат две верзии на Уцена, нема и звучна.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
А кога се бакнавме, по филмот „Дејвид и Лиза“ во кинотеката дури во Рајнбек и во ноќ толку студена што ниедна бактерија или вирус не би можеле да преживеат, тоа не беше ништо повеќе од бегло допирање на усните.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)