ковчест прид.

ковчест (прид.)

Неговата сува ковчеста рака махинално ја фати и грчевито ја стегна дршката од скепарот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тенките и ковчести раце на првиот пак се опнаа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Гол, секако бил штрклест, танконог и со ковчести бранчиња на градите, во тешката облека можел да биде само голема и долгнавеста бовча на која некој заборавил загрижена глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Прстените во `рбетот му се трошеа и тој се виткаше стискајќи ги со брада ковчестите гради.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не стигна да ме удри. Неочекувано и за него и за мене замавнав и со сета тежина на левата рака го удрив преку ковчестото лице.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Еден смешно долгнавест ковчест келнер му притрчува и Арсо се сместува на мала тркалезна маса.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ништо: ме дават ковчестите раце од војниците, ме стегаат ко орлови нокти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кога по неа набабри втора врз зеницата на Пандо, се подигна старечката рака и дланка рапава, жилава, ковчеста, но бодра, ја откинува за да не остави лишај на пониженост.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тоа беше едно ковчесто и голобрадо момче, бледо како мртовец, со интензивно црна коса која му ја допираше половината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мислеле така. Мислејќи, можеле да ги подадат ковчестите раце и подалеку од животот и со врвовите на прстите да минуваат по круг што го обележувале со вид.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа пресметале колку што умееле и биле задоволни - суви, ковчести, долгозаби, повеќето од половината со руси заткарпатски бради: во мракот на ѕидиштата, освен воденичките камења што ги немале, можеле да се згрчат двајца: едниот да оглувнува од тракањето на прплицата, безгласен и со сув душник под дрипавиот минтан, живо тесто од крв и брашно, другиот со воздишки да стои зад прозорчето и со секира или кременка да ја брани селанската мака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако ликот е безличен, можеби тоа е затоа што и авторот не се чувствува сосема добро - некој му го допира лицето, но прстите, тие долги ковчести и груби прсти на стварноста, пропаѓаат во меката кожа, која како глина го поприма нивниот облик.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Всушност, тоа би било доволно да можат да го кажат она што Ацо Шопов го испеал во песната „ЈУ-Миткање“: „Пред тебе клечам како голтар/ што ти се заканува со ковчести прсти: престани да бидеш црква без олтар/ во која секој ќе се крсти“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Тогаш запри ги водите“ , бесно пламна брат му и отиде како што дојде, темен, подгрбавен, со големи очила на ковчестото седло на носот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Крај неа седеше нејзината маштеа, сува, малечка жена со ковчесто, жолто лице.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повремено преку визијата минуваше магла, ја носеше со себе и ослободуваше простор за нова визија: наеднаш Рубина Фаин е широколика и ковчеста идна родилка во ленена кошула; околу неа , под араратските или карпатски или алпски масиви, лежат разбранети златни полиња или пасишта со онаа трева што кај нас, не знам зошто, селаните ја викаат слак; чекори, чекори, ќе стаса ли на историската цел негде кај што, според неа, крвта се измива со крв?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зјапаше во двете црни велосипедски штипки од пружинест метал што му ги опфаќаа тесните панталони околу ковчестите глуждови.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
СЛИКА: ДЕДО МУ АВРАМ Ковчесто лице со испакнати јаболкца, изразито четвртаста вилица, поврзана со горната со еластични мускули, чиниш како отпосле да е додадена, така што при џваќањето му се спушта подолу од вообичаено, но тоа не се забележува од густата брада; забите прошарани со по некој златен заб, како што ги топел прстените и ги преселувал на нив; со нив прегризува сѐ што ќе му притреба: нокт, конец, или да отреши јазол; кога луѓето ќе му заблазнеа на златниот блесок на забите, ќе им речеше: „Кога по смртта ништо не ќе остане од мене, по нив ќе ме препознаете...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Само кога ја виде Влаинката Роса како заминува со своите пет чупиња, по чупињата петте гуски кои деновите ги поминуваа во дупките кај туланата, а зад гуските високото ковчесто старче што размавтуваше со рацете како со мотовила, и самата се расколеба и следното утро се најде крај самиот вагон, всушност, луѓето се растргнаа и ја пуштија до вагонот да може да си зборува со старецот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тенката и ковчеста става го потсети на млади плашки, но ако тоа тело на јагула го привлечеше на своите гради, тоа немаше да се скрши, туку ќе се свиткаше мазно и лизгаво.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе