колку (прид.)

Па и ова јас што го кажувам за да се види колку може човек да истрпи и пак да остане.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но луѓето паметат колку сите наши соседи се единствени дека нема македонски народ и колку не се единствени — чиј е тој народ, кому му припаѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што ќе правиш: откако ќе паднеш, ќе видиш колку си бил на високо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мачно... којзнае колку луѓе ни останаа тука.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Маж се знае колку може и што може…
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Дождот стануваше уште посилен, како да врне пред снег. Брзаа колку што можеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Зар мислиш не проѕрев во твоето срце и не видов колку ме сакаш?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Луѓето киваат и гледаат колку место им зафаќал Сталин, колку многу место што не го знаеле.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој оттаму не се плашеше толку од козите колку што се плашеше од самиот себе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Колку тешко сум ја пробудила рамнодушната и длабока дремливост на очите што ме гледаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае колку пати го повторивме орото и сега ќе си одиме на спиење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Колку е лажен човечкиот срам и колку е застанат понастрана од лицето негово!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Низ гужвата почуствував некоја мешавина од евтин парфем и испотена мишка, но таа смрдеа и не беше толку страшна колку онаа духовната која лебдеше низ воздухот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А Бисера, колку го виде оти ја симна шапката и почна да се крсти, избега и не се обѕрнува назад, оти поп кога колне не треба да го гледаш: макар и другото да колне, клетвите го фаќаат тој што е крај него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Колку пати и на јаве така сум го слушала името свое.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Деновиве забележав дека колку што работата на бунарот напредува, толку помалку луѓе доаѓаат навечер на гледање сеир и на давање совети.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ме потсетува колку е благ огнот на олку никакво време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае колку робијаши има во Сибир! Може овдека ќе остариме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
О колку се стаписуваше кога ќе му ја спомнев чашката!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И ќе ме тера на дрво, со кози или некому да му ги пасам воловите колку да не јадам дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе