колона (ж.)
Колоната запре крај црковниот двор.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Чекори покрај колоната и сѐ уште не може да поверува дека е слободен и дека си оди дома.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ако не можеш да запамтиш, тогаш ќе се најдеш во колоната и тоа пред неа!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Авионите еден по друг се спуштаа над колоната и ја опсипуваа со митралески рафали...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Авионите како молња се спуштија ниско над колоната и почнаа да стрелаат по неа.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Под превезот на мрачнотијата луѓето заедно со стоката се редат во колони.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Така катаден трчаат зад колоната камиони што змиесто се оддалечува по нагорнината…
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се изви по прашниот пат надолу нејзината колона, песна се огласи по полето и долго низ зелените перки на пченките светкаа белите шамии на бригадирките, а високо на синото небо се оцртуваа лопати и копачи. Малиот водоносец остана сам на празната полјанка пред логорот.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Сајм беше извадил една лента хартија на која беше испишана долга колона зборови и сега ги проучуваше со хемиско пенкало во раката.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во огромната челуст на тишината невратно се губеа притаени пцости, злокобно тропање на некакво железо, неразбирлив шепот и сѐ што не се слушаше, и сето она што сивите луѓе, го носеа под грло, зашто 'рбетникот на големиот организам на колоната беше скршен.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Надвор од Смрдеш, во ширната дабова шума, колоната застана.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Од командниот пункт на Тумбите - вели телефонистот - јавуваат дека челото на колоната веќе е во селото Новоселени.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Овие патувања се одвивале во избрани места, се минувало низ „тунели” кои воделе низ избраните рајски предели, тераси- градини на ридовите, ведри и насмеани колони работници, за да кулминира пропагандата во музеите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сите позиции да се држат без оглед на жртвите сѐ додека не стигне колоната од Грамос.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пречекајте ја колоната и убаво поздравете ја.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
XXVII Семејната колона беше подготвена да тргне на тајниот пат преку границата на Езерото.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога нивната колона се изви по патот што водеше в град, Мече одеше на чело со освоеното знаме, кое што весело се развеваше над гордите младински глави.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
За да не биде задржуван од патролите, тој се придружи на колоната товарен добиток.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во пресрет му идеше колона партизани.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Патуваа негде мравките во бескрајни колони.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)