комбинат (м.)
А властите во сѐ им излегуваат во пресрет; настојувајќи преку нив да го вратат животот во Потковицата, покрај што им ја вратија нивната поранешна земја, која ја имаше присвоено Земјоделскиот комбинат од Прилеп, им придадоа и друга.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Пелагија се одзатна по недела две, веќе пролет и наместо во тутунскиот комбинат, таа работеше на довршување на зградата во која и живееше, со една друга кутра женичка во тезгере влечеа малтер до најгорниот кат, тогаш со едно пусулче беше викната да се јави во поштата и таму ѝ го вратија пакетот наменет за Димостена.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Имајќи го искуството од прилепскиот тутунов комбинат скоро беше сигурна дека и таа ќе се вработи.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Комбинатот беше граден со нивни средства, стручњаци, машини.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Околу 9,5 милиони килограми домати, краставици и друг зеленчук ќе се произведуваат годишно во овој оранжериски комбинат.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Токму кога Пелагија можеше да остане без работа, малку може и поради некој добар збор на Мице Биџов, а најмногу веројатно поради нејзината настојчивост дека има соодветно искуство од прилепскиот тутунов комбинат, таа беше примена на работа во скопскиот тутунов комбинат.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Сите овие процеси се управуваат преку централни командни табли поставени во котелните објекти. Затоа во овој огромен комбинат, кога тој ќе биде наполно завршен, ќе работат само 700 работници.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Љубезните домаќини на овој индустријализиран комбинат за произведување на домати, и краставици и на други зеленчуци ни раскажуваат како никнало ова стопанство, овој град од оранжерии кои по своето пространство, големина и производство се едни од најголемите во светот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Она што не му успеа нему и на неговата Пена кога одеа на посета во тесното подрумче, како да му успеа на синот на Борис Биџов, сосема попатно спомнувајќи дека за последен ден работи таму, си нашол место, амалско, во тутуновиот комбинат, а тоа беше доволно Пелагија тоа да го прифати како идеја.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)