конзилиум (м.)
Се претстави како невропсихијатар, задолжен од специјалниот медицински конзилиум да изврши специјалистички преглед на болната мајка на својот колега.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Дури по конзилијарниот договор, цела екипа лекари ја изврши операцијата која беше последица на комликациите настанати со вонматеричната бременост.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ноќта лекарскиот конзилиум беше принуден да потпише медицинско мислење за ограничената моќ на Бургиба да продолжи да ја врши функцијата Претседател на Република Тунис.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Поради братовото влијание, кој беше на високи позиции во здравството во Републиката и во Федерацијата, прво како министер, а потоа и претседател на Собранието на Македонија, од неговите колеги беше формиран и посебен медицински конзилиум кој требаше да направи сѐ Мајка да се спаси.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Фоте и Боге се сретнаа за првпат кога Фоте колабираше на работното место и веднаш беше однесен во Воената болница, а Боге беше во конзилиумот лекари што го испитуваа и му ја дијагностицираа болеста.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А, всушност, ставен си под лупа, те опсервираат и донесуваат заклучок конзилијарно, без невестата, да не речам млада, дека млада више не е.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ќе Ве оперира конзилиум од познати париски офталмолози.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)