кума (ж.)

Позади нив е кумата со сито под левата мишка покриено со шарена свилена шамија, вади од него овес помешан со бонбони и фрла над главите од младенците.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таман што кумот ја крева ногата да заигра и зинува да запее Антица се пушта од орото и почнувајќи од кумот та до кумата и старосватицата им бацува рака и потоа се фаќа на орото.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кумата ни беше Србинка и таа вакви имиња ни ставаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Беше речено да појдам кај кумата, да се поврзам и да се оѕвијам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се доближувам до куќата од кумата, а гледам сите прозорци светат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не дека му поверував ама со стаклен упат во книжно кесе и со кумата моја отидов преку ред „компјутер“ на главата да направам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во ќошот се собрал мажот од кумата: се тресе, едниот лист од гората станал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Истрчале татко, дедо, стрико и ја фатиле жената: од ти ќе бидеш кума и ништо друго!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Така е, вели кумата и врти со очите, целата снага ја врти во облеката своја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Кај се најде мори сега, вели кумата, сега и јајцата ќе ни прокракаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
МАРА: (која има ставено на софрата леб, грне грав, лајци и празна земјена паница сега ја става и погачата од кумата и турива од грнето грав во паницата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
— Мори, дома ли сте домаќинки! — викна Цаца на малата врата и ја држи вратата за жапка, да се осигура од кучката, оти таа навистина не познаваше кума — побратима.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се најдов во небрана — изненадена сум невела — не чини неј — нив непара — не толку нетоп — невестински украс од тенеќија кој ја заменува короната ниа — оние нии — нив нуна — кума (делхинутив — кумица) нишан — знак нишка — нит, нитка на платно нишчелки — направа на разбој за ткаење ној— оној ногашчка — наплеток од косата обрецнам — врекнам, нависоко ќе проговорам обрус — долга везана крпа со реси од која се прави чалма на главата одер — врста кревет на столни ногари закопани в земји на кој се чуваат алиштата и покровите во визбата одвраќам вода — басна на вода за да се мени положбата во која се најдува озастра — утринава онбашија — турски војник десетар — каплар опурчак — искинат опинок кој веќе не се носи оралиште — место каде се игра оро ораџика — жена што игра оро орјатка — погрден збор за жена со која друга жена е скарана орман — густа гора оужје — накит олепела — лесна клетва осмак — мера за жито 50 оки отпуст — поповска песна пред свршетокот на извесна. служба павти — женски накит од сребро и бакар пагурче — сад за ракија пазамарка — џеб на селска кошула пајвани — ортомчиња со кои му се врзуваат нозете на коњ да оди раван — ситно парка — што ѝ е, што ѝ пречи да направи нешто паскурник — шара за шарање поскури пачавриче — книжулче, може и крпче од ткаенина пашит — без самар коњ, маска, магаре пералник — котел во кој се топли вода за перење песјачка — погрден збор за жена со која друга жена е карана петле — во онаа см. наполеон — пара златна француска со петле на неа петравил — епитрахил петреви гаѓи — горско цвеќе пинок — опинок плак — старец плетва — трева во сеидбата поврзало — врвца на торба или вреќа, како и на огламник на добиток подвеска — дел од селска облека.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А после, туку ќе ми текне, ај кај кума Праскарева!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— Бегај, вели кумата, веќе отворено ме брка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дотрчала кума лиса на дупка за да јади бела кокошка, ѝ ја свртил вреќата долу со устината да ја истури кокошката.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
ПЕТРИЈА: Да си ми жив, куме, да ни крштаваш, да ни венчаваш! Да ти е жива кума Праскарева и кум Томче! Господ снаа да ти даде! (Пие, на Арсо.) Повели!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Од туртата Султана прво прати кај кумата, а другите парчиња ги раздели по соседите...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
КАТА: (Ја дочекува и ѝ ја бацува раката). Добро дојде, кума!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
До неделата курдисал царот свадба да праит и кума лиса го повела воденичарот по себе за по невеста кај царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Повеќе