купон (м.)
А тука настана проблем... секој ѕидар, тесар, армирач, при преземање на манџичката и пола кило леб треба да го предаде купончето.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ќе издржиме до купоните и платата од идниот месец... – На децата им здодеа од питите, јуфките... од брашното со вода... децата, пуста јас, со месеци не вкусиле млеко – продолжи мајка ми загрижено.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јас ги споредувам купоните од касиерката и главниот готвач.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие компири им идеа како добро засилување на храната на изгладнетите студенти, зашто бедниот оброк со купонот не ги најадуваше.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Другиот ден мајката замеси леб од брашното што го зеде со купони кога бакалницата на капиталистот што живееше до црквата се национализира за да се нахрани гладната работничка класа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Како што се делеше храната од меѓународната помош, со специјални купони, точкици, така се делеше и порцијата страв што ја добиваа луѓето со порцијата млеко.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Винстон се извлече од креветот гол, зашто секој член на Надворешната партија добиваше само три илјади купони за облека годишно, а еден чифт пижами чинеше шестотини, дофати една изветвена маица и еден чифт гаќи што лежеа префрлени на столот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Од брашното што го добивавме со социјалистичките купони, но и од црната берза, Мајка, според рецептите од гастрономскиот дел на Ла Ринашенте, ја дополнуваше својата балканска симфонија во развлекувањето на тестото, во дотогаш за нас невидени форми на макарони, лазањи, равиоли, дополнувајќи ги со сокот од доматите кои ги одгледуваше во градината во која садеше босилек, но и каранфили и трендафили.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сите во куќата продолживме да ги прелистуваме Татковите книги, гледавме необични слики на пеперуги, кози, јарци, јагули, со намера еднаш да ги читаме и ние овие книги, но никако да ги откриеме нашите социјалистички купони.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
— Така што меѓу купоните уфрламе уште едни. Дупликат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Татко, како и секогаш, занесен во читањето, само се сеќаваше дека купоните за цел месец ги беше оставил во една книга, но не се сеќаваше во која.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Брзај да не ти пропадне купонот за мензата, оти уште малку е два саатот.”
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но и понатаму тешко се живееше. Давачките за државата беа големи, ништо не можеше да се купи без купон, а сите не добиваа купони.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа многумина натера да си заминат во градовите, да се заработат таму што и да е, само да добијат купони.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ни даваат купони“, вели „а стока не носат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кренаа глави луѓето, ја снема реата и смрдеата од воздухот, заџивкаа џивџаните, проработеа дуќаните и меаните, гранапите сечеа точки и купони и го делеа лебот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Од стопарињата бакшиш што ги оставаа некои од гледачите, Мајка имаше доволно пари да го купи млекото за утрешниот ден, во очекување на платата и на купоните, на крајот од месецот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Камилски, кој не ги забележа испаднатите купони од книгата, самоуверено одговори: Се разбира дека ја прочитав. Затоа и ја задржав подолго време.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И почна - во бел мантил со престилка, качена во комбе, од градилиште на градилиште со црпалка да дели чорба и да собира купони.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
XXVI Купонските времиња од првите повоени години ни останаа засекогаш во сеќавање, а посебно настанот поврзан со непрочитаната Таткова книга од неговиот пријател Климент Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)