куфер м.

куфер (м.)

Сѐ повеќе и повеќе му се чинеше дека тој куферчето во сонот го додал откако се разбудил...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Возачот ми го позеде куферот и го смести во големиот багажник.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Човекот го спушти куферчето и во тој миг во неговите очи забележав искра на изненадување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Празен ќе појде со куфер злато да се врати! Од кошара палата да направи!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Набрзо наоѓа куфер, го празни од силната облека и почнува со најголема концентрација да ги брои и реди парите во него.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ѕирка во мене одгоре, како да лежам во некој сандак, или во џиновски куфер, или на колор фотографијата на средната станица на шарениот журнал, добредојден да се скуси здодевното патување со празен воз.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Дојде дома на посета... Го носеше тешкиот куфер од дрво, угоре по патот до селото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој сега сакаше да раскаже како живеел и што видел во туѓина и што донел во куферите оставени во опустената куќа од која отиде пред неколку години преку мориња кон непознати земји да ја пресметува во себе големината на планетата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Татко најпосле се врати во родниот град крај Езерото со два големи куфери преполни со стари и нови книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Занимливи се, секако, и оние неколку епизоди во коишто се зборува за куферот со двојно дно во кој се сочувани неколку национални знамиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И така препуштајќи се на тишината на медитацијата од прозорецот на чардакот го забележа како забрзано чекореше по калдрмата Климент Камилски, држејќи го куферчето со кое последниот пат патуваше во Париз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ја доѕидував, збор по збор Со ластовиците под стреата, со голиштарците Со ноќните пакувања на куферите Со прераскажаната кланица за јагниња Со високите прозорци за плачење Со промајата, со гостите, со јадењата.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Луѓето ги преуредуваат своите кофери.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој се приближи до Христовото распетие, се прекрсти и го бакна. Потоа го отклучи куферот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кревкиот соживот повторно прета се градат ѕидови во неколку гета сеуште глумат братство единство а душа им гори за етничко чисто Чувај не Господе од искариоти превртливи души и квази патриоти со устите полни за народ да се сплоти а гз ќе им зине за куфер со банкноти На телевизија невиден смрад будно не следи Големиот брат очајни луѓе, морална криза калаштури штури за анализа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ама, штрака и жената што ми го позеде куферчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дојде, ги изведе на показ игрите на онаа неодмерена стрвница, или поточно бесрамница, а притоа како да сакаше да рече: јас ви подарив една тајна, толку од мене, а сега ви го препуштам редот вам, и вие да постапите на ист начин: да бидете дарежливи кон мене; да го изнесете од скришниот долап куферот на тајните што и јас сакам да ги дознаам; зар многу барам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Куферите им се везден надуени, а душите пак им се делат на четвртинки: три четвртинки за во родниот крај, една четвртинка за тука.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Му здодеа на Марко Проказник да седи и да раскажува па ископа од куферите прекуморски црвени чевли со дупченца и почна да ги пребројува запуштените плевни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се најдов во грчкиот кушет. Со мене, со коферите, се најде и еден мој врсник облечен во кусо палто, со пробелена коса, изразити брчки на лицето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе