кучешки прид.

кучешки (прид.)

А и персоналот носи капи од кучешки кожи за распознавање и како симбол на Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Имаше кучешка муцка која се обидуваше да се насмее, но никогаш не го правеше тоа, задржувајќи ги кисело развлечените усни како оптегнат ластик подготвен во секој миг да се ослободи од стрелата свртена кон оној што беше пред него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од Антиката е познат случајот на филозофот Диоген којшто кучешкиот живот го сметал за ултимативен модел за човечкиот живот и решил да живее како куче.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сите знаеме дека мнозинството луѓе денес во Русија живеат кучешки живот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Предолгите нерамни и скоро кучешки заби диво се разголуваа под слабата селанска светлост што ни на ноќта ѝ се предава ни ноќ совладува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Забите му се кучешки под провокаторските мустаќи, коска ќе преполоват.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
II Пролетното сонце веќе заоѓаше над планината и околу него се собираа некои црвени облачиња што носат кучешки ветер.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но стравот и возбудата кучешки ме гонеше и сѐ повеќе грабев од стапалките на оние што трчаа пред мене.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Наеднаш Пансионот започнува да одѕвива од кучешки лаежи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
ЏУКЕЛА Не бев поразличен од градските џукели И тие и јас немавме ништо Освен ебаниот кучешки живот
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Кучешките гробишта над селото постојано се прошируваа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Потоа паднал преку мртвиот и го продолжил својот нов занает со заби, на кучешки начин кинејќи ја 'рскавицата на гркланот додека крвта од она место кај што му било увото се мешала со нешто потемната крв на проклетиот татко, неколку години потем на тоа место да не никне ни најдива тревка...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едно затворање во аргачот, запалив оган, се стори жар и по еден жар кладов во дупките од кучешкиот апеж.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го носи истото капче од кучешка кожа, а имитирајќи ја газдарицата Хера, стави и елече од кучешка кожа, обу и чизми и внатре забоде камшик со кој плуска кога го дресира или кога сака да го смири, да му оди по волја.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дали е тоа обична кучешка благодарност, дали е тоа молба за прошка, дали е признавање на вина?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ми се чини дека гледам череп од кучешка глава. Чума.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Муртењето на кучешката или мачешката муцка, со кое се нагрдуваат за да заплашат и да ја избркаат опасноста, едвај е поинакво од другите движења што ги прават.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Стани си утре порано дојди си вечер подоцна, наутро радост понеси навечер тага донеси - ај, пусти да е, пуст да би останал живот кучешки!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
По неговото заминување, нејзе повторно ѝ се поврати главоболката, нервозата, несоницата и одново полнејќи се со јад и гнев, фрлаше искри од очите, крикаше како птица грабливка, се загалцнуваше на пола збор од лутина и сѐ повеќе го повраќаше поранешниот изглед и држење облекувајќи се во панталоните и чизмите, во елечето од кучешка кожа и плускајќи со камшикот и сѐ повеќе стануваше несреќна и зла.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Извини“, прошепотев, упатувајќи ѝ еден кучешки поглед на каење. „Не знаев.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе