ланче (ср.)
Двете стоеја во паркчето под саат кулата се држеа возбудено за златното ланче околу вратот на Томе и страстно тонеа во своите младешки желби и мечти.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Сметаше дека штом таа ќе биде до него, лесно ќе ја врзе на кратко ланче.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Изабел на себе имаше црвени панталони и убава свилена кошула, накит ни многу ни малку, само тенко златно ланче околу вратот, а шминката ѝ беше многу дискретна.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
На ланчето околу вратот ѝ виси ’рѓосаното клупче.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Зошто? - прашувам. - Затоа што луѓето зборуваат дека во закланите свињи месарите пронаоѓаат златни ланчиња, прстени, златни забни круни... - конспиративно вели мама, а потоа мирно додава: - Впрочем, јас и онака не јадам месо.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
А гледам ставила и ланче околу глуждот... А-ха, тука сме значи!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)