лежалка (ср.)
Лекарите дотрчаа по Дејан во лежалката и од привидот сите се соживеаја со случајот и се прилепија кон валканите плочки.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Изнајмував лежалка за сто денари и лежев на силното и топло сонце.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ме фрлија мигум во лежалка на тивко крајбрежје, каде шумливите бранови го прелеваа сето она што Типот кој бараше запалка умееше да го каже.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
3. Жолтата лежалка меѓу две стебла се дуе од ветрот – личи на стомак на бремена.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Те совладал сонот во удобната лежалка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Лежеше на грб, во долга лежалка, таа беше во една права соба, собата беше во куќата, а куќата на ридот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Точно во минута си ги зафаќаат резервираните лежалки на луксузните плажи.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)