масив (м.)
Стравочудебното село било куп човечки седалки од кал и со сламени или 'ржени покриви, некои од тие куќи дури и без прозорци и бездруго однатре со залостени врати зад кои ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира, со вила или со прешилест чекан за кршење камен ослушнувајќи ги шумовите и стрелушејќи се од душите на мртовците и од арамиите или од организираните одметници на распашаните глутници на башибозукот и на аскерот што станал безредие во безредието на пеколот ширум по вилаетот и исто толку по осоговските масиви на кои некогашниот деспот Оливер мислел дека ќе е исто толку вечен колку што е и господ во заблудените срца на луѓето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Совладувајќи ги сивите планински масиви, со бели црквички на врвовите како орелски гнезда.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Северозападната граница претставува шарпланинскиот масив.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Повремено преку визијата минуваше магла, ја носеше со себе и ослободуваше простор за нова визија: наеднаш Рубина Фаин е широколика и ковчеста идна родилка во ленена кошула; околу неа , под араратските или карпатски или алпски масиви, лежат разбранети златни полиња или пасишта со онаа трева што кај нас, не знам зошто, селаните ја викаат слак; чекори, чекори, ќе стаса ли на историската цел негде кај што, според неа, крвта се измива со крв?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Зад клупата на која седам помеѓу двајца безоблични и неподвижни стражари во бело, можеби само на чекор од мојот грб, слеана е во масив на бес страшна глутница од сите оние што ме следеле, што ме труеле и што ме довлекле во овој пекол.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Пролетната воена операција на Козјачкиот масив го опфаќала дејствувањето на германските и бугарските воени и полициски сили против македнските, српските и косовските воени единици во Македонија и југоисточна Србија пролетта 1944 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Враќајќи се дома, преку некој висок планински масив во Европа, по Собирот на членовите на Семејството во градот Мелин во Илиноис, пред повеќе години, испил прекумерно многу, богато, виолетово вино.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)