место ср.

место (ср.)

Се џарам вака преку луѓето, барам место и јас некаде да се доберам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа никогаш не може да се скраси, на едно место да застане: се мрешка, се мешколи, потфрла бранчиња и го подлижува брегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не било пишано, велам, сѐ требало да е и на друго место запишано.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ напикаа во една соба: да нема место да се протегнеш, ногата да си ја исправиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со себе сега не ја носев топографската карта на местото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Двете екстремни карактеристики беа на едно место.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не можам место да му пронајдам. Во долапот ќе го сокријам.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Овде ние е местото. Гнездо да свиеме. Врати се дома...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Човек може да се потпре само на мртвите предмети како што се штекерите, кваките, лавабоата, секогаш ги наоѓаш на старото место, и секогаш се исти“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Бидејќи бевме канети за кумови, имавме почесно место на масата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ГРАБЕЖ Ограбиле банка Сторителот во бегство Криминалците на работното место
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Се надева дека ќе се отвори работно место за наставник во второто полугодие.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Нема сомнение дека најлесно тој ќе го реши прашањето за јазикот во училиштето и во месната управа во тие места каде што живеат патријаршисти со грчки јазик, Арнаути муслимани и католици и Турци муслимани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Името Бугарин во Македонија сега нема место, зашто веќе цели 25 години како живееме ние Македонците одделен живот од Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ми вели: - Гледај сега! Тамо на едно место живеат едни двајца комшии. Од две вери се.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еден трепет по местата познати зошто се игра со праменот на моите мечти
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Најпосле вратата попушти, се отвори. Немаше место да влезат двајцата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
си ја сонувам свадбата своја на бродот, над мене крикаат галебите и ме удираат со клунот и со крилјата, ми го туркаат венчето и ми го дрпаат превезот, ќе удрат во мене, па ќе удрат со мевот во морето, ќе се лизнат, замрешкувајќи ја водата со ноктите, јас се бранам вака, со двете раце се бранам, а Горачинов си ги прекрстил рацете на градите и од место не се помрднува, што се вели, се загледал некаде, гледаат и морнарите, что такое, что такое, велат, они праветрение, извеани, изветреани нѐ прават, оти не си до мене, му велам на Горачинов,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овој доктор Миха не излегуваше повеќе од својот кабинет - ни по театарските бифиња ни по писателските или новинарските клубови ни по маалските кафулиња, па дури престана кога доаѓаше на работа на едно место да си зема четврт бурек а во друга бурекџилница уште четвртинка со чашка јогурт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе