метар м.

метар (м.)

Се состои во тоа со помош на специјални прожектори, среде бел ден, па и на најголемо сонце, по небото да се испишуваат пропагандни пораки со букви големи 400 метри!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мајка ми која го преживеа крлежот во увото во планинско село во минатиот век и пукнување на слепо црево во интернат во туѓина каде што ја идентификувале со плочка со бројче околу вратот далеку од дома и од родителите, почина на клиниката која е на десетина метри од моето работно место во истиот момент додека на брифингот се фалевме колку се успешни реформите во здравството.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Џипот мина крај густежот и по неколку метри сврте на левата страна и влезе во еден широко отворен хангар.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
По неа секој час претрчуваа бригадирци со полни количиња земја, ја исфрлуваа зад насипот од другата страна на реката и бргу се враќаа по друг исто таков мост на стотици метра подолу.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ќе си ги собујам опинците и ќе се спуштам со појасов два-три метри подолу.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
По пет и осум редови дебели букови и борови трупци долги до десет метри.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Масата на судиите и поротниците е на десетина метри висок подиум и е оградена од обете страни со растенија месојади во големи саксии од фајанс.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Две парчиња од метро и пол и две од половина метар.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Милиционерот назадгазум влезе во мракот под скалата каде што имаше врата чии праг беше на повеќе од половина метар над рамништето на ходникот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бомбата беше разурнала една група куќи двесте метри подолу во улицата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како јаготка на шлагот му стоеше благо извртената беретка на главата која му даваше своевидна мистичност на и така длабокиот поглед кој ми го упати во дијагонала од околу пет – шест метри.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И решивме – одиме. Возиме прудолу по тесното сокаче и по изминатите дваесетина метри со левите гуми заглавивме во буништето од кое со гласно кокодакање на сите страни се растрча јато кокошки и веднаш по тоа со силен лаеж не пречекаа селските кучиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Најдобри резултати се постигнуваат на далечина до 500 метри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во капеличката можеше да влезе само една особа, таа беше можеби со димензии некаде метар на метар.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Потоа, ниско наведнати, се оддалечуваа неколку метри наназад и таму зад карпите, во трапот и долот - се празнеа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од самата порта на офицерскиот ја забележа силуетата на нејзиниот сакан: тој стоеше на дваесетина метри од влезот во офицерскиот дом и гледаше во неа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Оддалеченоста на појасите е на околу триста метри, а на шеесет метри растојание меѓу редовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јасно му е сѐ. Од визбата на дуќанот до водоводната цевка е ископано три метри.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога му се приближи на половина метар, позиционирано некако отстрана, одеднаш и понатаму не тргајќи го погледот од него, како да се трудеше да има некој сервилен однос кон гостинот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Околу куќарката имаше двор ограден со ѕидана авлија висока околу еден метар и со кренати ѕидани столбови меѓу кои имаше врамени жичани мрежи, сега разурнати и ’рѓосани, со малтерот испаднат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе