миже несв.

миже (несв.)

Јас мижам и ја трпам тежината од тие што паднале врз мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бргу се спушта на колена и мижејќи се вовлекува под креветот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Па на левиот тас да ги нареди пладневните тежини и оној часовник што чука 12 пати за конечно разбудување како од Ог Мандино, зашто залудно ми се очите отворени кога мижам со години да не видам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Следните денови сакав повеќе да мижам, отколку да гледам како се копа бунарот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веќе и мене очите ми мижат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Патуваш по границите рани, странични на вселената – изведена смисла/свет а таму душата лебди, бдее бедеми бедни та раскошни со плимата плиска со осеката секне секавично и ведно гледаш и мижиш во длабините и самиот длаб на етерот бладање, сон на сенката светилник на помрачението блаженство во јадот страст за питие смрт и заборав за лага и заблуда за облик, опиум!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На Србина чиниш цело време му се спие. Седеше со рацете меѓу нозете собрани со колената до стомакот, со капата над очи и мижеше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А темница е, не треба да мижат за да се преслечам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа се разлева во него и тој се нурка во неа и му е неподносливо повеќе да мижи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Е? - го праша Србин мижејќи. - Ништо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потпрени врз стаповите, повеќе мижеа отколку што гледаа и чекаа да фрли дедо господ некое облаче пред жешкото сонце, да им ја облажи жештината и да ја олесни положбата во која се наоѓаат на припекот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
26. ГЛЕДАЈ ДА ТИ БААМ, МИЖИ ДА ТЕ ЛАЖАМ - со таква крпа на очи кој светот го лови?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
А еве Јон не е војник, и сѐ било мижи да те лажам, ветер во вреќа биле соништата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но гневот во мене растеше, и некое чудно чувство дека сум употребен ме опседна: ме опседна чувство дека не било толку тешко да се дојде до Луција, дека таа ова истото го правела под маската на недопирливата Луција, и јас решив да се одмаздам на најглупавиот можен начин, на начин на кој може да се одмазди само млад маж кој не преспал со жена; во моментот кога требаше да бидам во Луција, јас ѝ го ускратив тоа задоволство; таа мижеше и чекаше, но ништо не се случуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мижи да те лажам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тогаш обично ги затворав очите, се преправав дека спијам и мижев сѐ додека навистина не заспијам или додека не исчезне силуетата на лошиот човек дојден по мене.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Да мижам значи сета слобода на гледањето да ја препуштам на моите прсти таму кајшто душата се сместува бесшумно, како во име и излегува надвор да допре и да ја допрат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Болска, мижи и трепери синкаво пламенче врз цепениците под кои жарта блешти.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со едното мижи, а со другото гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Конакот веќе и мижејќи можеше да го најде.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе