мнозинство ср.

мнозинство (ср.)

Одговараат: јазикот на “мнозинството”. – На кое мнозинство? – Тогаш ќе се види.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оваа одредба всушност претставува најава на промовирањето на концептот на репрезентативен наместо мнозински синдикат како носител на правата на застапување на работниците, кој беше промовиран со усвојувањето на измените на Законот за работни односи од октомври 2009 година. 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А поддршката на мнозинството Турција ќе ја добие само ако се погрижи да воведе во Македонија вистински реформи, способни навистина да ги зачуваат националните и религиозните интереси на поданиците, нивните граѓански права и сносното економско постоење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите знаеме дека мнозинството луѓе денес во Русија живеат кучешки живот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но тоа, според нив, ќе повлече со себе преместување на југословенско-бугарската граница од планинските меѓи во речниот басен; Југословените тоа ќе го сметаат како загрозување на нивната главна комуникациска линија со Грција и Солун; не е многу веројатно дека мнозинството од селаните ќе ја прифатат шансата да ја променат националноста, а исто така не е веројатно дека двете држави би го спречиле емигрирањето на населението кое го сметаат за свое, со резултат дека иредентизмот нема да биде отстранет".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Него го знаат мнозинството членови на Партијата, а особено сите оние кои се интелигентни исто колку што се и исправни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како што се делеше бедата во разни порции, главно исти за мнозинското население, така се делеше и стравот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потоа со мнозинство од цирка 52 наспроти 48 посто гласови победи конзервативната струја и сѐ си се врати на старо.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Македонскиот народ не толку има нужда, барем сега-засега, за официјален јазик на мнозинството, за генерал-губернатор од народноста со мнозинство и за слободен печат, колку: за отстранување или парализирање на дејноста на националните и религиозните пропаганди; за отстранувањето на непријателството меѓу приврзаниците на разните национални и религиозни пропаганди; за отстранување на таа недоверба и обособеност што е сега меѓу македонската интелигенција воспитана во разни балкански државици и им служи на религиозно-националните пропаганди во Македонија; за официјално признавање на македонската народност и за внесување на името “Македонец” во нуфузите и во другите официјални документи на лицата од словенско потекло во Македонија; има нужда за земјиштен дел, како што на селаните им беше доделена земја при укинувањето на крепосништвото во Русија, Галиција и во др. земји.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ова - иако огромното мнозинство на членовите на Партијата го разбираат само површно - е вистинското значење на партискиот слоган: Војната е Мир.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не се запрашуваат потаму: како ќе узнаат кое е мнозинството.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не само интелигенцијата на сите народности, не и на мнозинството од нив, ами па и интелигенцијата на најсилната македонска народност – Словените, не сета беше застапена во комитетот: србоманската и гркоманската македонска словенска интелигенција беше настрана од комитетот, па и непријателска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Револуцијата треба да биде работа на сите Македонци, или на мнозинството од нив, за да може да се нарече општа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во градот кој го сочинуваше мнозинското грчко население, покрај припадниците на други народи, постоеше и сосем одвоено еврејско гето, опколено со цврсти ѕидови, додуша наследени од минатото и уште во тоа време почувствувани за непотребни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во бифето гужва. Ако собраниската сала беше празна, во бифето веќе имаше двотретинско мнозинство.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тој почна да зборува за него со карактеристична сериозна учтивост, со која се разликуваше од мнозинството членови на Внатрешната партија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Според капетан Ламби, Павле Илиќ во тоа време сакал сите залихи кои биле упатувани од Британците за Македонија да се пренасочат кон прилепската област каде било концентрирано мнозинството од партизаните.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Оваа група на фанови денес е малубројна, ама затоа пак ние кои што толку го сакавме неговиот сиромашен роднина Пајо, сме во мнозинство.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Денешните системи во огромно мнозинство се фонолошки; нефонолошките системи ги наоѓаме претежно во најстариот период од историјата на писмото, и токму на нив сега накусо ќе се задржиме.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Зар не му мислат Србите оти со успехот на востанието, ако се праша: на кој јазик ќе треба да зборува судијата, да речеме, во Тетово? – автономната влада што ќе биде од „мнозинството“ ќе одговори: на бугарскиот: истото ќе го одговорат и месните жители, зашто во нивните очи Бугарите, а не Србите излегоа херои.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе