монистро (ср.)
Оглавите и самарите на нивните коњи беа украсени со поинакви монистра и везени веленца.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И лисјата се весели и светкаат небаре монистра на коњска узда.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во рафтовите имаше наредено селски шамии за жени, шамичиња за на појас, неколку низи монистра, пулејќи за шамии и друга стока за селаните и селанките.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Во саботата се плете невестата со гајтани, се реди со разни решмиња, монистра, ѕрнѕурки одзади по грбот, од тилот до пети, отспреди — од ушите до прстите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
2. Точка збор, вулкан, булка - Во сонот и сонувањето, Во радоста и тагувањето, Јатка во матката, лулка Од небесно ветре лулеана, Песна уште незапеана, Дом и пристан, монистра Од ѓерданот, бемка на вратот.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Навистина, гаснејќи, таа се распаѓа како ѕвезда што паѓа, но и како ѓердан што се разнижува и ги растура наоколу светливите монистра.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сѐ и сешто имаше на масичките во Гнездо: парчиња тули, фотографии, разгледници испишани со избледено мастило, пердуви од птици, ногарки од столчиња, навлаки за перници, парчиња од завеси, откинати џебови, копчиња, огледалца, камченца, изделкани парчиња дрво, врвки за чевли, ленти за шешири, пелени, монистра…, раце, нозе, трупови и глави од кукли, и по некоја цела кукла…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)