мртовечки прид.

мртовечки (прид.)

Старчето имаше сува коскеста рачичка и стегаше со неа тврдо, а потоа и тоа замина, оставајќи му го својот студен мртовечки стисок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А денот е слабо доенче и не може од мртовечкиот ковчег да направи колепка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нема воздух во оваа мртовечка теснина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И паѓаат во мртовечко заспивање. Без соништа и без осетливост за стварноста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ми се сноваат луѓето оголени и побелени, мислиш мртовечки глави носат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во некаква мртовечки зелена светлина што му лежела од другата страна на очите гледал танконог белец со проѕирна кожа како удира со копита крај гол куп месо на својот господар, потоа со нечујни скокови доаѓа до јама на чии запалени гранки догорува облеката на неговиот јавач, ја крева муцката кон небото и пишти со детски глас; под гранките догорува мртовецот и никој не ќе знае кога ќе му ја најде черупката дека жилата на челото била сечена - нејасна вина, ништо повеќе, грч на душата што се јавнувал само ноќе; гори мртвиот Дмитар-Пејко, коњот ја издолжува уште повеќе танката шија, копнее по сребрената 'рж на небото или му се моли на некој коњски бог да му ги исцери раните од селанските секири и колови; на жилава гранка зад карпите под кои пред тоа била дружината се мавтаат на ветар скинати узди.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако успее таа девојка во бело да се втурне во собата на вујко ми, тој, иако онака антав и во непристојна бела антерија, ќе се измолкне од под чаршафите и ќе потскокне на мртовечкатата постела (како штотуку извадена од водата риба што лудо се фрла по песокта).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А сѐ е тука:слики по ѕидовите тешки двојни завеси врз прозорците ормани што прилегаат на мртовечки сандаци исправени покрај ѕидовите несмасни кожени фотелји штавени овчи кожи расфрлани по подот една земјена Геновева и ламба прокудена во аголот притисната од темновиолетовиот абажур.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сѐ на сѐ четири остро потенцирани бои: црвена, модра, зелена и бела, задушено стиснати во дрвена рамка под златна боја со која се бојадисуваат мртовечки сандаци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бојана имаше долга природна црвена коса, лице речиси мртовечки бело од пудра и во него всадени зелени очи кои светкаа како контраст на вештачкото мртвило на нејзината кожа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Одеднаш тој го забележа лицето на Џулија на неколку сантиметри од своето мртовечки бело, бело како креда лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По него, два коња ја влечеа мртовечката кола, во која беше сместен мртовечкиот сандак со покојникот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Треба така да изгубив многу време зошто кога погледнав зад себе видов не само дека мека мојот мртовечки сандак веќе е спуштен во гробот туку веќе и дека земјата во него е нафрлена.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Го заковаа, го кренаа и тргнаа да го стават во мртовечката кола.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Смешно ми е како ме дотеруваат таму во мртовечкиот сандак и јас седам овде чудејќи им се на умот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Иако мртовечкиот ветар го бришел сјајот на ѕвездите, над нив светела некаква леденикава ведрина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вчера нацртав една многу голема, доста ретка ноќна пеперутка што ја викаат мртовечка глава, со колорит со зачудувачка префинетост, црна, сива, нијансирана бела и со кармински одблесоци, или сето тоа магливо се врти околу маслинозелената боја; многу е голема.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога тргнав со мртовечкиот сандак во приколката, зад мене тргнаа и два џипа со по два-тројца внатре.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Или како што би рекол мојот вујко, писателот од мртовечката постела: „Стануваш бегалец, малечок; се престоруваш тркач по маргините“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Треба да стасам додека не го презалопиле мојот мртовечки сандак за да си влезам во телото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Повеќе