муезин (м.)
Начинот на кој петелот скокаше на оградата или на нискиот покрив и како ја креваше главата за да го огласи своето достоинствено кукуригуу, Милан го потсетуваа на муезин кој од балконот на минарето ја искажуваа благодарноста кон единствениот Алах, или пак кон султанот-воин кој ја повикува моќта на мечот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Сместувајќи се во Grand Hotel Villa de France, кадешто Матис бил инспириран да ги наслика своите одалиски, во градот кој порано го беше инспирирал Римски-Корсаков да ја напише својата Шехерезада, ги истражувавме пеш забрзаната, миризлива Медина, Гранд и Петит Сако и касабата; повеќе сакавме да се загубиме без професионална помош, одбивајќи ги непријатно лепливите наводни водичи и занемарувајќи ја изненадувачки антисемитската тирада на едниот од нив; серенадите ни ги пееја градските певци секое утро и муезините пет пати секој ден молејќи се преку разгласот од минарето на блиската џамија; одлучивме својот прв невин излет во исламот да го продолжиме низ брегот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Штом ќе се чуеше езанот од минарето, повикот за клањање, и штом муезинот ќе го кажеше она „Господ е голем”, Неби-ага паѓаше на коленици врз своето чергиче и почнуваше да клања во правец на Кибла, или кон патот за Мека.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ако беше дома и ако го чуеше езанот на муезинот за акшам намази, се завртуваше кон Тодора и важно соопштуваше:
„Акшам намази”.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Најмногу има арапски зборови кои означуваат разни звања, професии и титули, како на пример: валија, везир, кадија, кајмакам, калфа, муфтиш, султан и други, или термини во врска со војската и воената опрема како: анџар, арач, аскер, забит, низам, талим или пак во врска со исламот: алах, аџија, вакаф, ездан, еџел, имам, еџел, ислам, куран, курбан, минаре, муфтија, муезин, оџа, рамазан, теќе, тулбе, џамија, џемаат шеријат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)