муфте прил.

муфте (прил.)

Ако пак слушнам дека пак се зема муфте, жими душите на моите предци, ќе бидете жигосани за да им служите за пример на другите! !
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стариот скопјанец кој станал член на комунистичката партија и за Титово време лапнал муфте стан, а шупата ја продал на градежен инвеститор па воедно лапнуе уште 3 стана за возврат кои денес ги издава под кирија на провинцијалските студенти.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но отсега натаму да не дозволите ниту субашии, ниту ќаи и кој било друг да земаат муфте.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ербап – способен, итар, финтаџија... суперинтендант – домаќин у зграда. Живее муфте без да плаќа кирија, а заузврат ги собира чековите, мења сијалици, им се смешка на сите и те риба ако пуштиш гласна музика.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Османлиите заминаа, муфте системот си остана на Балканот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Е, па, ја не праам циркузи за раја. - Даам муфте лектири за деца и возрасни. Се осеќам ко постмодернистичка мајка Тереза.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)