набљудува несв.

набљудува (несв.)

Му го видов наназад зафрлениот профил, ги набљудуваше ѕвездите што се тркалаат низ небото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мала набљудателност треба за да се убеди човек во таа вистина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мама секогаш го набљудуваше штом ќе погледнеше кон ѕвездите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Математиката е наука за формите и за количествата; математичкото расудување е само логика применета врз набљудувањето на формите и на количествата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За да биде работата посмешна, минувачите околу нас пет пари не даваат за ниската температура: шетаат развиени батки по тесни маички те разноразни разголени тети на ролерки, додека јас и мојата животна сопатничка го набљудуваме светот околу себе ѕиркајќи низ тесните процепи помеѓу нашите шалови и наметки, облечени како двајца Ескими сред сезона на парење на поларните мечки.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се сеќаваше на вџашената фасцинираност со која ги набљудуваше од аголот на окото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја набљудуваше крупната, а сепак елегантна фигура како шета горе-долу, како влегува и излегува од неговото видно поле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Придружен ефект на овој вид кодирање е и основа за претставување на набљудувањата низ симболи што ни овозможува да го енкодираме светот во стилизирани математички изрази.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во електронската меморија неколку преувеличени мозочни функции се проектираат од човечкиот череп врз неживи објекти со чија помош тие функции можат да бидат набљудувани и манипулирани.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Субјектот кој го набљудува светот во мигот кога создава слика за истиот, се впушта во процес на креација.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ги набљудувам низ стаклото на експрес – ресторанот како на сите страни се разлеваат и се претопуваат во Градот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
А потоа пак се запали светлото над тажната трпеза на која еден татко, зашеметен од болка, ги набљудуваше вомјазените лица на трите деца коишто не се осмелуваа да погледнат накај вратата низ која мајката влегуваше секоја вечер, носејќи чинија што испарува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некаде пред утрото почна да врне. Нашата соба имаше само еден прозорец, висок и тесен и стоев крај него и го набљудував дождот како твори река на сребрени иглички.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Трошноста на старите мерачи на времето трепери од повикот на неопходниот збор – не само во безбројност на заминатите исчекувања, туку и во коприната на воздушестиот превез кој ни го замаглува погледот додека го набљудуваме времето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во науката обично се обидуваме ваквите мемории да ги кодираме во бројки, пред сѐ заради компактноста а и за да имаме еден заеднички маштаб во однос на кој би можеле да ги споредуваме различните набљудувања.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Историски создадените алфабети влегуваат во кругот токму на овој тип на писмо, иако во нив честопати се набљудува имплицитна реализација на фонолошкиот принцип и фиксирање во писмото на оние фонетски разлики кои имаат функционално значење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Го набљудуваше и таткото на неговата сакана, неговиот долг, маркантен нос, неговата нежна руса коса, негуваните долги руси вешто-подвиткани мустаќи и неговите убави, големи, силни раце со кои вешто и брзо го заврши писмото ставајќи точка на крајот со едно театрално движење.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Петнаесет минути Џ плачеше, уште петнаесет минути воздивнуваше, а потоа немо ги набљудуваше мртвите миленичиња сѐ додека не почнаа да смрдат.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Со оглед на претходните набљудувања, предвидувањата му беа прилично точни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Држење на пролите во континуиран страв од војна и набљудување од Големиот брат, вовлекување подмолно на систем на фашизам од задна врата, оков на нашиот врат.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Повеќе