наврати св.
наврат м.

наврати (св.)

Некогаш таму навраќале видни кнезови за да се соочат со последната игра на својот живот што самите ја нарекле руски рулет.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Татко ми никогаш не бил многу друштвен човек и кај нас ретко навраќаа негови пријатели и познати.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не велеа ниеден збор, тој остануваше само по неколку мига крај секоја нова група, онака заздишен, кога ќе ги видеше нивните избегани погледи тој уште веднаш продолжуваше понатаму, крај другите, третите, повторувајќи ги само оние свои пусти лудечки движења со своите раце, со тие огромни празни рачишта, навраќајќи по стотина пати во денот крај секоја група на тие темели, проклет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не знам дали е в ред да се прекорувам себеси дека моите последни навраќања во Книгоиздателството што се наоѓаше веднаш зад Камениот мост биле поттикнувани и од љубопитството да се осветли уште некоја дребулија од минатото на човекот што ја беше отфрлил мантијата?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Уште ли ќе одиш по водата што ќе ти ја навратат Грците?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Може ли поетот, откако ја запишал (или напишал) песната, да ја остави меѓу своите ракописи, да го одлага, свесно и потсвесно, речиси да го одбегнува, со години, навраќањето на неа, повторното читање нејзино, допишувањето?
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Водите густи и питоми по сјајниот метал на утрото водите полни со твојата умореност На патот до смртта како на патот до ноќта Понекогаш само ќе наврати гугутка амајлија на една дамнешна љубов
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Така изгледа сега од оваа временска дистанца, по толку години навраќање.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Цртежите му ги виде еден од сликарите што навраќаше во слаткарницата, се воодушеви и му рече на татко му да го даде Столпника да учи сликарско училиште.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Вера скоро секој ден веќе навраќаше кај нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Останаа тука без да си речат макар и збор сѐ додека не наиде еден селанец, пристар, кој наврати да се напие вода.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во секој случај, таа средба, со сенката или со вечно живиот благородник и патриот Никола Леко кој изгледа редовно навраќаше во подземјето од далечната 1592 година (не поверував кога се сретнавме дека и Господ го осудил да престојува овде) за мене претставуваше голем настан бидејќи верував дека со негова помош ќе можам да потврдам или да преиспитам некои од сознанијата заради кои и се најдов во безизлезот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Навраќајќи се ретроспективно на настаните, ја согледувам основата на однесувањето воопшто.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во локалите каде што навраќаа, ако забележеше дека некој ја гледа, Богдан го менуваше местото со неа или ја засолнуваше со своето тело.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На едно место ќе се скине, на друго ќе се наврати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
1 Го оставивте пуст патот на нејзината тага избегавте од допирот на студените прсти па сепак навраќавте верувајќи дека ја нема за да го чувате трагот што останал можеби по неа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Бидејќи по природа комуникативен, натпросечно за својата средина, на Миха му беа малку контактите со домашните, со колегите, пациентите и студентите, па бараше соговорници во театарските бифиња, во Клубот на писателите и Клубот на новинарите, одбегнувајќи го сѐ повеќе Клубот на пратениците, но затоа пак не му беше зазорно да наврати во некое маалско кафуле.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Инаку, за да навратам на таа циркуска точка најмногу придонесе неочекуваното вплеткување во неа на доктор Пачев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Имено, јас не се снебивав да го навратувам меѓу другарите почесто зборот на моите чевли, било да се жалев, било пак - што порадо го чинев - да правев смешки за своја сметка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе