накоти (св.)
— Тој и деца ќе накоти, ти ни на јаве, ни на соне не можиш да го заборавиш.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Сотри ги лошите соништа накотени под навлакава“ ја насрчуваше раката.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Се смрди селото од риба; замириса сѐ на риба: и алиштата и постелите по куќите, и садовите, и водата за пиење, и млекото, и здивот на луѓето, и изметот; ги солеа луѓето, ги ставаа во грнци, во каци, во сѐ што имаа, ги сушеа, а скапаните им ги фрлаа на мачките што се накотија и изнадојдоа од сите села: мораа после со пушки и со отров да ги ништат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Можеле само да ја исцедат од себе срцевината и да накотат во шупливоста ларви од кои тој самиот ќе се повторел во секакви облици и, со срце скриено од врани и душмани меѓу бозја, ќе го слушал златното брчење по ритчињата на татковската земја. „Таа е нема!“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ноќта ѕвездена, денот темен, Темното денот го слави, Со пожари и поплави; Со таги, врз плаштот земен На кој се накотиле и сплотиле Болки и рани, неразбрани Поети, мислители, исцелители Врз, тајните на животот задумани, Склупчени среде денот темен, Заборавени, во тага оставени Под небото ѕвездено-извезено Од знајби, мисли и умности За да редат убости молитвени Со кротка благост изустени.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
БОРИС: Како се накотивте толку паметни? На ваши години мислевме децата излегуваат од папок. МАТЕЈ: Па од каде излегуваат?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Столаријата ќе ја изглодаат црви, чешмата ќе секне и ќе ја накотат полноглавци, Благовештението ќе потемни и ќе се излупи, Архангел Гаврил ниту ќе стигне до Богородица, ниту нешто ќе ѝ каже.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Него батали ја силиконскава долина. Глеј колку педофили ко глувци се накотија у земјава, му викам.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)