напишан прид.
напише св.

напишан (прид.)

А колку лесно пишував тогаш семожни предолги дипломатски депеши и извештаи кои, сите заедно, денес не вредат речиси ниту една страница од писмо напишано од Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А сѐ му се гледа на лицето, сѐ што сака да каже на лице му е напишано.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Најпрвин беше замислила еден сосема класичен и глупав почеток: директорот на училиштето да им се обрати на учениците и родителите со свој говор (сите знаевме дека тоа е неверојатна глупост, оти Фисот не знаеше да срочи повеќе од два збора на хартија, и тоа под услов да бидат напишани во два различни реда; тој имаше страст за решавање крстозбори и анаграми и сите имавме впечаток дека допрва ги учи зборовите како средство за изразување).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А на секоја страница сѐ нова слика а и друго е напишано под неа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А сепак, тоа што беше напишано на неговото лице можеби и не беше неисправност, туку едноставно интелигенција.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На насловот на предната картонска фасцикла, која беше доста дебела и подврзана со другата страна со јаженце, со големи букви беше напишано, со познатиот татков ракопис: Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Доне го слече палтото и ја распара поставата. Однатре испадна бело тенко платно, на кое беше напишано писмото.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Многуте симфонии, квартети и други форми на камерна музика на Хајдн, Моцарт и нивните современици, во најголем дел биле напишани за приватни изведби на музички настани во куќите на благородништвото или за пријатели на композиторите.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Сега би напишал и стотици, илјадници зборови, за малкуте зборови што требаше да ѝ ги напишам, од моите чести и некогаш мошне долги престои далеку од неа, во моите долги дипломатски години, како одговор на нејзините писма со нејзината душа, напишани со чудесен краснопис, учен уште во нејзиното детство кај француските лазаристи во Солун.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Секој документ е уништен или фалсификуван, секоја книга е одново напишана, секоја слика е одново насликана, секоја статуа, улица и зграда е преименувана, секоја дата е променета.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Една друга жена, која на Марија ѝ изгледаше почовечна и со повисок чин, го прегледуваше редот и подготвуваше попис на имињата што новодојдените ги имаа напишано на картони кои им беа зашиени за облеката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вистинската книга можеби започнува пред да биде напишана.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговиот прв објавен роман, Времето на козите (Le temps des chèvres) претставува чудесно напишана романескна алегорија за едно општество под ударите на еден тоталитарен режим со сите придружни аберации.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За чиј народ е напишано ,не нагињи се кроз прозор"?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но таа уште не беше напишана. Требаше некој да ја напише.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се плашам да напишам што и да е, зашто се покажа дека мојот живот како да врви по моите веќе порано напишани редови и по моите напишани стихови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Па сепак, откако внимателно запамети што беше напишано на него, неколку часови подоцна тој го фрли во дупката за сеќавање, заедно со еден куп друга хартија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во едно писмо напишано во септември таа година, Винсент му кажува на својот брат каде си го бара лекот: „Мил брате – секогаш ти пишувам во паузата од работата – работам напорно како вистински безумник, чувствувам придушена страст за работа повеќе од кога и да било.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неговото свирење во овие околности било подобро отколку кога свирел напишана композиција, дури и кога таа била напишана од него самиот.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Името на операта било променето во Фиделио, но различните увертири напишани за неа сѐ уште се познати како Увертири „Леонора“.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Повеќе