нашинец м.

нашинец (м.)

Гудалото нежно ми се лизга ту во минатото ту во иднината и ме потсетува дека некој нашинец најпосле треба да му ги истегне ушите на времето пред да ни се исушат сите ритки и пред да престанат да ни врзуваат стебленцата веќе онемени од носталгија.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
А оттаму, кучкините синови, има таму една шепа од нашинците кои имаат големи уши и долги јазици, па и на лајното му викаат папо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Викнувам неколку нашинци и се фаќаме за рамо. Тераме едно право оро.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тука нашинците севезден мерат колку може да трае ноќта во туѓина: ем мерат, ем се бараат самите себе во темнината и во тишината.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Уште нешто за окото. Знаејќи дека забележувањето е најтешката работа, особено под набљудување од страна на туѓинците, или нашинците, од околните јавни погледи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Отец Прокопиј многу, многу одамна ме поучи: Побрзо ќе заборавам кога пуштив брада, одошто да заборавам дека и во селоно зад ридон нашенци живееја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И вели Првин си помислив дека е Глувиот Џокоски или дека е некој кој бил на Молитвена Вода и сега се враќа оттаму, но потоа убаво видов дека не е нашинец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таму, еден нашинец — терзија ми направи минтан и сиве овие ги нареди внатре.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Со џандари, со `ртки, со загари и со некои нашинци, лижнигазовци, оттаму, од Прилеп и од Битола, ќе клапнеа уште одвечер во населбата и ќе им заповедаа на редовниците да им приготват убави вечери - питулици, мазници, зелници, печени кокошки, пресни погачи, чомлеци и јании; откако ќе се накркаат, ќе се налокаат вино и ќе се акнеа да спијат во гостинските одаи, за таа цел, за нивното доаѓање, предвреме напрашени за од страна на болви, вошки и други инсекти.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, кутриот, се сврте наврапито спрема Максима, но Мустафа ефенди, како и сите Турци голем љубител на борењето, рече Јас ставам две лири на нашинецов и веќе немаше кој да одречи да нема борење помеѓу нив, помеѓу Лазора Перуноски од Потковицата и Иса од Кичевско: Мустафа ефенди го испрати протуѓерот да ја разгласи борбата за точно напладне во Али чаир па сите заедно слегоа во дворот на општината за да ги состават борачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги следевме маките и страданијата на овој народ со векови. Порано од натрапниците, од туѓинците, а сега и од нашинците, од своите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но студиите не му врвеле најдобро; се здружил со тамошни бунтовни младежи и со нашинци работници печалбари, па, наместо да студира, се оддал на политика.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И така, мој Пандо, нашинчето си дознавало што е и кој е, не од дебелите книги и од учените луѓе, ами од надгробните камења, од гробовите останати по карпи, од зарезите направени со кама или штик во стеблото на буката, дабот или борот, од нишаните што останале од нашето постоење во кое не битисавме и од времето што го броеја само по лошото, само по крвавите траги што ги оставал тој што доаѓал и си одел...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И, после, ние не сме Бугари та тебе те викаме коте, значи што рече ти: маче; ние сме си луѓе од местово наше — нашинци! И нашински си зборуваме!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Не бре, за тоа, вели туку дека ми зборуваш ко нашинец. Како човек од нашине села, вели. 103
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Добар ден и добро дојдовте, Кои сте вие? - Јаска - нашинец, а човекот е Американец...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бугарите некое време ги прверувале дали се српски шпиони а потоа кога научиле дека не се, то ест дека пребегале на бугарска страна за да се борат против Србите, ги испратиле во 12. полк, кој бил составен од нашинци, во четата на овега, на Димитар Зојчев.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Зошто ти е? – го прашуваа и Турци, и нашенци.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Депа е жена и пред малку рече еден поумен збор: „Ние не сме Бугари... — само прескокна да рече не сме ни Срби, — туку сме си луѓе од местово наше — нашинци!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Секогаш кога ќе одеа нашинци во Белград, за да служат војници, или за да работат, или за да се лечат кај тамошните доктори, тој секогаш, скришум од своите, молејќи се никој да не дознае за тоа ги поздравуваше Благуна и Видана и им пушташе, колку за здравоживо, по некоја пара.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе