најтежок прид.

најтежок (прид.)

- Во годината на раѓањето на вечниот и славен Сталин, на крајот од векот на неговото постоење, но и неговото сигурно останување во комунистичката вечност, ни претставува голема чест што можеме да ви го покажеме нашиот голем придонес во создавањето на вистинскиот нов човек ослободен од сите ропства, овој пат ослободен и од најтешкото, божјото ропство...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас им доаѓам како некој што ќе ги изведе и што ќе им го одложи најтешкото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Турското господство ни ги пресече сите врски со нашата старина: Најтешко се одрази тоа на Македонија, како централна провинција, па затоа во тоа време кога кај другите православни Словени постепено се изработуваше писмениот јазик и правописот ние сѐ повеќе се обезличувавме и речиси сосем се откажавме од нашиот јазик како орган на литературната реч.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само така, помогнат во најтешките дни, ќе ја задржи верата во себе и ќе ги сплоти сите свои сили за да може еден ден да си ја извојува скапо платената своја слобода без ничија помош.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оваа нова рожба го најде татка ми во дотогаш најтешка положба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најтешко ми паѓа помислата дека може овдека да умрам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од раскажувања знам кои беа тука, каква им беше живеачката, та затоа од возбуда ми треперат колената и полека, небаре се пробивам низ некоја голема мрачна сенка, пред очи ми се јавува сеништето на болните спомени што како наследство ми ги оставија моите родители и многу други кои во Перењас ги поминаа најтешките времиња по своето искоренување од родното место.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој миг уште долго време, и во најтешкото потешко ќе ми паѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Труди се да го најдеш најлесниот начин, откако ќе го воочиш најтешкиот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Може ли мирно и спокојно да го стори тоа, кога знае дека отказот за нив значеше сега исто што и да им изречеш најтешка казна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во затворот е најтешко ако не знаеш, што се вели, ако нема кај да го пуштиш умот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најтешко му беше, што не беше само гледач. Туку што и самиот од немајкаде кон тоа придонесуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оние што беа мнозина, се чудеа како да си легнат кај жената. Најтешко беше зимно време. Оти сите се во иста соба, покрај ист оган.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште нешто за окото. Знаејќи дека забележувањето е најтешката работа, особено под набљудување од страна на туѓинците, или нашинците, од околните јавни погледи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Најголемата и најтешка гениталија, неговото височество Мозокот, како ерогена зона не смее повеќе да подлегнува на никакви закани и притисоци.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Беше прекрасна сопруга, вистински сопатник во деликатната мисија, особено во најтешките и неизвесни мигови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Слепите го пофаќаа со рака за рокчето и му велеа: - Со рокче се може, синко, но без виделина не се може. Во мрак е најтешко да живееш...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Делото на Волошинов за Марксизмот и филозофијата, делото на Мукаржовски за семиотиката на уметноста, Јакобсон, Прохаска и Леви за преведувањето, сите тие поставија нов критериум за основање на теоријата на преведувањето и докажаа дека таа е далеку од обична дилетантска трка во која секој што има макар минимално познавање од друг јазик може да земе учество; напротив, преведувањето, како што кажува Рандолф Кирк, “е една од најтешките задачи што еден писател може да ги преземе на себе”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Најтешко ѝ паѓало што сестрите не можеле да ја разберат на јазикот на кој зборувала.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајкините солзи беа најтешките капки на судбината кои таа, по цена на силно внатрешно страдање, ги задржуваше потиснати длабоко во себе, во својата мајчинска суштина, како силни знаци на страдањето и на издржливоста, со крајна цел да се одбрани семејството, како тивка победа над поразот на кој бевме осудени во егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе