некаде прил.

некаде (прил.)

Ми се успале и сѐ некаде настрана ме носат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А некаде ќе нѐ пречекаа, како најближни роднини.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луѓето мрдаат, се вртат, неспокојни ги прави пукањето што доаѓа од некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си мислам ми се крие некаде меѓу луѓето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некаде квечерина, се пушти глас дека пак ќе нѐ слезат да чекаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ фатило некаде ноќ среде шума, прст пред око не се гледа, што се вели, мислиш си ослепел, а тој ми вели да се фатам за опашката од коњот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се џарам вака преку луѓето, барам место и јас некаде да се доберам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сум без избор: можам да бидам некаде и никаде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кои се единствено видливи од оваа положба на некаде и никаде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Некаде над мене, над куќата, прилично далеку, синевината некако се згуснува во една точка. Сѐ повеќе и повеќе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Што чекате! Собирајте ги парталите, ќе ве носат некаде...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Добро, рече - Нека легнат некаде па утре ќе се видиме.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
си ја сонувам свадбата своја на бродот, над мене крикаат галебите и ме удираат со клунот и со крилјата, ми го туркаат венчето и ми го дрпаат превезот, ќе удрат во мене, па ќе удрат со мевот во морето, ќе се лизнат, замрешкувајќи ја водата со ноктите, јас се бранам вака, со двете раце се бранам, а Горачинов си ги прекрстил рацете на градите и од место не се помрднува, што се вели, се загледал некаде, гледаат и морнарите, что такое, что такое, велат, они праветрение, извеани, изветреани нѐ прават, оти не си до мене, му велам на Горачинов,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кај двата мита може да се забележи дека го содржат уверувањето дека таму некаде во неодредената иднина, автоматски, животот ќе биде подобар отколку денес, како и залажувањето и самозалажувањето дека сивилото на сегашноста е нужен предуслов за розевоста на иднината.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Одлетале од некој таен аеродром во Канада на состанок некаде во Сибир и конферирале со членови на Евразискиот генералштаб, на кои им предале важни воени тајни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само ќе седнеше некаде од страна и го посматраше толку внимателно како да го испитува за да му изрече пресуда.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ги потомија некаде во Сибир, вели, не им ја знаеме и смртта, вели, и правта нивна не ни ја вратија...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сенки на некои луѓе се исправија на местото од каде што дојде пукотот и бесшумно се изгубија некаде натаму.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ако Господ Бог постои тогаш тој не е некаде вон и над постоењето туку во самото постоење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Некаде во комплексноста на неговото битие броилото се превртело и нејасна магливост беше паднала врз неговиот вид.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе