несекојдневен прид.

несекојдневен (прид.)

А сакав да доживеам нешто несекојдневно што учениците од гимназијата не доживеале и не ќе доживеат со нивната глупава покорност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Текилата нѐ гореше. Ги менував чашките, на одушевување на среќната публика која моето пиење го сметаше за несекојдневен настан.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Игро мудра, само таква биди, разгрни се сета богато надарена, и секогаш во животот иди од несекидневноста чиста и озарена.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Сакав да раскажам за тоа, за талентите, за тој несекојдневен настан во животот на домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Најпосле Пелагија, крстејќи се, ја крева главата и во очите има чуден, несекојдневен блесок!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Најпосле, разговорот за ѓаволи, необичен и несекојдневен, ме привлекуваше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во контекст на театарската уметност, ќе наведам дека пред дваесетина години, кај нас се случи еден несекојдневен настан.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во тоа време Отец Симеон имаше несекојдневна посета.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)