неупатен (прид.)
Денот расте и паѓа
во совршен ритам
врши поправки на смртта
а човекот е векот збунет и неупатен
во пантомимата на времето.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Секој неконтролиран гест, секоја неупатна постапка може само да ја влоши неговата положба.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
А сепак, бесот што притоа се чувствуваше беше апстрактен, никому неупатена емоција, која можеше да се пренесува од еден објект на друг како пламен од ламба за заварување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Неупатена во вакви изненадувања, не знам што да мислам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас веќе сосема ги имав пленето сите во класот со мојата уметност на разбојот, и бидејќи изведував секакви вратоломни фигури на разбојот, бев еден вид општ херој (освен за Луција, која од инает не ми посветуваше никакво внимание; јас веќе реков дека тој инает тогаш не го сфатив онака како што требаше, како маскирана наклонетост, оти бев во бестрага чесен и неупатен во општествено верификуваните ритуали на маскирање на чувствата, па за мене инаетот значеше – инает и ништо повеќе).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За мене, мал, неук и неупатен сепак тој гест уште тогаш претставуваше некаков знак; дури и ритуал во чие што значење и не мора да сум упатен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но ете, таа дојде кај нас, побара некоја неодредена и нејасна помош, го стори и тој чекор за кој неупатениот веројатно ќе помисли дека бил избрзан па дури и недоволно обмислен.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Додека едни викаат, други трчаат кон отворените телепринтери, јавуваат, добиваат информации, се продава, се нуди, со еден збор - сето тоа на неупатениот му личи на некоја бркотница.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Други дела: Шапка од рибина кожа (љубовна приказна, 1996), Стаклен полжав (приказни од интернет, 1998), Кутија за пишување (1999) и романите Ѕвезден плашт (астролошки водач за неупатени, 2000) и Уникат (2004).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)