одмили св.

одмили (св.)

Зар им одмилеа комарците, си велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Треќи пат пак него беше го удрила, и кога виде царот оти сѐ ќелешо го удирала помалата му ќерка, при сѐ што ја милуаше многу, му се одмилило и со лутина је свикал: - Ај крши си глаата, ќерко, сосе ќелешо, да не те глеам пред очи, лели него го бендиса и ме устрами!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Белки оваа никаквица не те свиткала дотаму што да ти одмилел, овде веднаш, животот? Напред.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кога ми одмиле животот, таа ме прибра под своето крило!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Висар поголтна, се замисли и му се одмили веќе да лови риба; сето време додека се враќаа дома, молчеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)